Македонија

Кос: Покажавте силни резултати од реформската агенда, ве охрабрувам да го сторите истото во пристапните преговори

„Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда, Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето.“ – вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика Марта Кос непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје.

-С.Македонија покажа дека може да оствари резултати кога има политичка волја Ова јасно го гледаме во нејзините силни резултати во рамките на Реформската агенда Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето Ова доаѓа со јасни избори Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија, посочува Кос.

Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување, вели еврокомесарката Кос на прашањето дали има предвид нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција. Според неа, напредокот во преговорите за пристапување бара клучен елемент: доверба меѓу земјите кандидати и земјите-членки. -Според моето искуство, таквата доверба првенствено се гради врз два елемента: исполнување на обврските и ставот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји-членки. Ова започнува со добрососедски односи Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува побезбеден Убедена сум дека ова би било случај и за С.Македонија, нагласува Кос.

Таа при тоа укажува дека досега нема случај на давање гаранции на земја – кандидат дека нема да се појави друг спор за време на пристапниот процес до ратификацијата на договорот за пристапување од последната од 27-те земји членки. – Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ Важно е да се прифати оваа реалност, нагласува Кос.


Во коментар за германско – францускиот нон-пејпер кој промовира постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправно членство, таа вели процесот на пристапување бара време, но, оти во денешниот свет, Европската унија не може да си дозволи да чека предолго. И вели, задоволна е од тоа што гледа како европските лидери ја водат оваа дебата, со цел да се изнајдат начини, вели, „да ја доближиме ЕУ до идните граѓани многу порано“. -По летото, Комисијата има намера да предложи нови начини на земјите-членки да ги доближат земјите-кандидатки до ЕУ пред пристапувањето. Но, има една важна точка Ова ќе бара напредок во преговорите за пристапување Ова останува приоритет. Без таков напредок, понатамошната постепена интеграција ќе биде ограничена, подвлекува еврокомесарката Марта Кос.

Комесарката за проширување Кос, ќе пристигне утре во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на Агендата за реформи во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. До денес, посочуваат, земјата добила 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи
За време на нејзината посета на земјава, комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали

Нивните дискусии, се посочува, ќе се фокусираат на напредокот во спроведувањето на Агендата за реформи, приоритетите за постепена интеграција во ЕУ и пошироките случувања поврзани со патот на земјата кон ЕУ. Како што наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката, предвидено е Кос и премиерот Мицкоски да одржат заедничка прес-конференција Таа ќе се сретне и со претседателот на Собранието Африм Гаши за да разговараат за важноста на конструктивниот политички дијалог и широката меѓупартиска поддршка за реформите поврзани со ЕУ.

Комесарката Кос ќе посети студентски дом во Скопје, реновиран со средства од ЕУ Таа, исто така, ќе се сретне со младински организации од земјава за да разговараат за можностите што ги нуди поблиската интеграција со ЕУ на младите луѓе, вклучително и преку програми како што се Хоризонт Европа и Еразмус+. Подоцна во текот на денот, комесарката Кос ќе се сретне со претставници на организациите на граѓанското општество и медиумите за да разговара за спроведувањето на клучните реформи поврзани со ЕУ, особено во областа на владеењето на правото, наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката Кос.

Најнови вести од: Македонија

Од утре заеднички полициски патроли на македонски и српски полицајци во Охрид

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство

Вонредни локални избори во селската општина Брвеница, во Тетовско, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. 

Ќоку: За Вреди е важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

За нас е важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

Најнови вести

To top