Македонија

Вонредни локални избори во селската општина Брвеница, во Тетовско, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. 

Владината портпаролка Марија Митева информира дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа за настапување законски основ за предвремен престанок на мандатот по сила на закон.

Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница.

Согласно со зааконот за локална самоуправа, Министерството во рок од 15 дена од приемот на известувањето е должно да ја информира Владата за настапувањето на законскиот основ, по што Владата во рок од 30 дена ја започнува постапката за распишување нови избори за градоначалник.

„Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови“, изјави Митева.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

To top