Хроника

Апел за пронаоѓање на исчезнатиот Роберт Дрвошанов

Секоја информација може да биде од клучно значење за негово пронаоѓање.

Семејството на Роберт Дрвошанов (40) од Струмица апелира до граѓаните за помош во неговото пронаоѓање.

Роберт исчезнал, а со себе има велосипед. Облечен е во црна маица, црни кратки панталони, носи црн ранец и бордо патики.

Семејството моли сите граѓани кои го забележале или имаат каква било информација веднаш да се јават на контакт бројот 077 619 822 (Марјан) или во СВР Струмица.

Секоја информација може да биде од клучно значење за негово пронаоѓање.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top