Македонија

„Вратата е отворена пошироко отколку кога било“ – порака од Кос

Еврокомесарката во Скопје за европскиот пат на земјата

Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, оцени дека Северна Македонија е меѓу земјите кои покажале најголем напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но порача дека вистинскиот исчекор кон Европската Унија зависи од продолжувањето на пристапниот процес и исполнувањето на преземените обврски.

Во интервју за МИА, во пресрет на нејзината денешна посета на Скопје, Кос истакна дека земјата заслужува признание за реформите, поради што може да очекува и поголема европска финансиска поддршка.

„Северна Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агенда и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива“, рече Кос.

Таа нагласи дека сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата за проширување на ЕУ и дека оние кои ги исполнуваат обврските напредуваат, а оние кои не ги исполнуваат – заостануваат.

Кос додаде дека Европската Унија треба побрзо да им ги доближува придобивките од членството на земјите кандидати преку постепена интеграција, наведувајќи ги програмите Erasmus+, EU4Health, Digital Europe и приклучувањето кон SEPA како конкретни примери.

Во фокусот на нејзината денешна посета на Скопје ќе бидат средбите со премиерот Христијан Мицкоски и други претставници на Владата, каде ќе се разговара за деблокирањето на пристапниот процес, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан.

Најнови вести од: Македонија

Меѓународен ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме

По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив

To top