Македонија

По Вајц, и Маѓар станува неомилен во Бугарија поради поддршката за Македонија

На тапет во Софија и наследникот на Орбан на чело на унгарската Влада заедно со известувачот на Македонија во ЕП

На известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, на листата неомилени во Бугарија му се придружи и унгарскиот премиер Петер Маѓар поради неговите ставови во прилог на западниот бугарски сосед и неговата евроинтеграција.

„Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува да ги повторува истите тези, очигледно е во прашање свесно политичко однесување“, изјави Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН), во интервју за бугарски „Телеграф“.

„Изјавите на Маѓар треба внимателно да се разгледаат. Тие се дел од пошироко прегрупирање на влијанието на Балканот, во кое Северна Македонија станува поле на конкуренција помеѓу различни геополитички центри кои би сакале да имаат свој Тројански коњ во Европа. Ова не се добри вести ниту за Бугарија, ниту за Европската Унија. Европа тешко може да биде силна во странство ако дозволува такви линии на поделба во себе“, заклучува основачот и прв директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во одговорот на прашањето „Како го толкувате ставот на унгарскиот премиер Маѓар дека Северна Македонија неправедно е забавувана на нејзиниот пат кон ЕУ?“.

Во Бугарија не ја криеја радоста од победата на Маѓар над Виктор Орбан на последните парламентарни избори во Унгарија, надевајќи се на пресврт во унгарската наклонетост кон Македонија, но надежта за тоа полека избледува по неколкуте изјави на претседателот на Владата во Будимпешта, во кои отворено се заложи Западен Балкан да има предност пред Украина на патот кон ЕУ, притоа апострофирајќи го неправедниот однос на Брисел кон Скопје.

Претседателката Гордана Силјановска, која денеска учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО во Анкара, имала подолг разговор со Маѓар, кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно нè поддржува и оти е неминовно, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top