Регион

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Тајани во авторскиот текст зборува за односите меѓу Европската Унија и Италија со Западен Балкан и ја нагласува важноста на соработката како стратешки приоритет. „Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Тоа е најважната геостратешка инвестиција на нашето време, бидејќи безбедноста, конкурентноста и проширувањето денес се неразделно поврзани: без да го заврши сопственото обединување, Европската Унија никогаш нема да го достигне потребното ниво за успешно да се натпреварува во денешниот свет“, предупредува италијанскиот министер за надворешни работи.

За Тајани Западниот Балкан е неизбришлив дел на целокупна Европа, но и битен стратегиски фактор, посебно за самата Италија. Затоа, вели италијанскиот министер за надворешни и вицепремиер, „цврсто го поддржуваме нивното побрзо вклучување во ЕУ“. „Западен Балкан припаѓа на историјата, географијата и политичката перспектива на Европа. Италија го направи овој регион еден од столбовите на својата дипломатска активност. Како јадранска и медитеранска земја, добро знаеме дека безбедноста на нашите мориња зависи и од стабилноста на овој регион.“ = посочува шефот на италијанската дипломатија.

Затоа цврсто го поддржуваме забрзувањето на нивниот процес на приклучување кон Европската Унија, со цел повторно обединување на европското семејство и проширување на просторот на мир и можности. Посветеноста на Италија се рефлектира во силно дипломатско присуство и континуиран политички дијалог. Од 2022 година, организирани се повеќе од сто посети на високо ниво, билатерални средби и мултилатерални иницијативи за следење на реформските процеси на земјите-кандидатки и конкретна поддршка на нивниот пристап кон Европската Унија“, пишува Тајани.

Затоа, вели италијанскиот министер за надворешни работи, Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво. „Состанокот што го организираме денес во Рим, со учество на министрите за надворешни работи на земјите од регионот, ја потврдува силната политичка волја на Италија да даде нов импулс на европскиот пат на Западен Балкан“, пишува Тајани во најавата за самитот.

Пристапувањето кон Европската Унија бара длабоки реформи: зајакнување на владеењето на правото, поефикасна јавна администрација, дигитализација и институции со повисок квалитет. Италија ги поддржува овие напори со конкретни оперативни инструменти. Ние сме лидер во административните твининг проекти и краткорочната техничка помош преку програмите Твининг и TAIEX, кои претставуваат јадро на процесот на пристапување бидејќи пренесуваат знаење, искуство и институционални капацитети на земјите-кандидатки, посочува италијанскиот министер за надворешни работи.

Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува процесот на пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан. „Затоа веруваме дека е кратковидо да се одложуваат следните чекори во процесот на пристапување на земји како Србија, која веќе постигна напредок во многу клучни области. Инвестирањето во развојот на Западен Балкан значи инвестирање во силата на Европа. Италија, благодарение на големиот број свои компании присутни во регионот, веќе е еден од најважните економски партнери, со трговија што надминува 10 милијарди евра и околу 800 компании што работат во регионот. Тие придонесуваат за локалниот развој, создавањето квалитетни работни места, модернизацијата на производството и зелената и дигиталната транзиција. Преку развојната соработка, инвестираме во клучните сектори – од здравството и инфраструктурата до енергетиката и образованието. Подеднакво важно прашање е поврзаноста. Западен Балкан претставува спој помеѓу Јадранското Море, Источниот Медитеран и Централна Европа. Затоа го поддржуваме развојот на големи инфраструктурни коридори, пред сè Коридор VIII, кој ќе ги поврзува Јадранското и Црното Море, како и подобрувањето на железничките, пристанишните, енергетските и дигиталните мрежи“, посочува италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер.

Интеграцијата на Западен Балкан претставува геополитички избор за Европа. Неговото целосно вклучување во Европската Унија значи зајакнување на нејзиното југоисточно крило, зајакнување на стабилноста и зголемување на способноста на Европа да дејствува на глобалната сцена. Италија ќе продолжи да работи за европскиот пат на регионот да остане кредибилен и заснован на принципот на заслуги, вели Тајани во заклучокот.

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела (Видео)

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „СТРИП ЦЕНТАР-СТРИПОТ МОЖЕ“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност.

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

Најнови вести

To top