Македонија

Државата ги продава луксузните апартмани со џакузи на Груевски

Заинтересираните купувачи ќе можат да ги разгледаат становите на 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 29 јули.

Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги става на јавно наддавање трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно, конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“ против поранешниот премиер Никола Груевски.

Апартманите се луксузно уредени, со пространи дневни соби, големи тераси, џакузи и панорамски поглед кон Скопје.

Два од апартманите имаат станбена површина од околу 200 м² и тераси од скоро 50 м², со почетна цена од по 850.000 евра. Третиот апартман е помал (околу 150 м²), но располага со тераса од 95 м² и почетна цена од 760.000 евра. Вкупната почетна вредност на трите апартмани изнесува најмалку 2,46 милиони евра.

Заинтересираните купувачи ќе можат да ги разгледаат становите на 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 29 јули.

Два од трите апартмани и претходно беа понудени на продажба, но не најдоа купувач. Пред околу една година државата успешно продаде два други стана на Груевски на улицата „Бихаќка“ во центарот на Скопје.

Недвижностите беа конфискувани по правосилната пресуда во предметот „Плацеви на Водно“, во кој Груевски беше осуден на девет години затвор за злоупотреба на службена должност и незаконско присвојување на околу 1,3 милиони евра од партиски донации.

Груевски сè уште се наоѓа во Унгарија, каде избега во 2018 година. Постапката за негова екстрадиција сè уште не е завршена.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top