Македонија

Уставниот суд остро реагира на обидите за дискредитација

Меѓународната соработка не смее да се политизир

Уставниот суд на Република Северна Македонија соопшти дека остро ги осудува обидите за груба партизација и политизација на неговата работа од страна на одредени политички партии.

Во соопштението се наведува дека некои партии настојуваат да ја зголемат сопствената политичка видливост преку злоупотреба на одлуките и меѓународните активности на Судот.

„Меѓународната соработка на Судот е ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки, иако таа претставува една од неговите стратешки определби“, се вели во соопштението.

Судот потсетува дека годинава потпишал меморандуми за соработка со уставните судови на Косово, Египет и Србија, како и дека годинава претседава со Балканскиот форум на уставни судови.

„Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи да ја зајакнува својата меѓународна соработка“, се нагласува во соопштението.

Од Судот апелираат до политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да не ги водат политичките конфронтации на грбот на институциите и владеењето на правото.

Тие, исто така, оценуваат дека се „недозволени и апсурдни“ квалификациите од одредени политички субјекти дека одлуките на Уставниот суд се „неуставни“ или „незаконски“, потсетувајќи дека согласно член 112 од Уставот, одлуките на Судот се конечни, извршни и општозадолжителни.

„Наместо да повикуваат на протести насочени директно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните“, порачуваат од Уставниот суд.

На крајот, Судот ги повика сите политички чинители да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на институцијата која е чувар на Уставот и на уставно-правниот поредок на државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top