Фудбалските репрезентации на Хрватска и на Босна и Херцеговина, кои испаднаа во првата елиминациска фаза на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, завршија меѓу 17 и 32 место, а во конечниот поредок што го изготви ФИФА по четвртфиналето „коцкестите“ се на 20. место, а „змаевите“ на 29. позиција.
Елиминираните во четвртфиналето се меѓу 5 и 8 место, во осминафиналето меѓу 9 и 16 место, во 1/16-финалето меѓу 17 и 32 и во групната фаза меѓу 33 и 48 место, а точниот пласман Светската фудбалска организација го одреди врз основа на: бројот на освоените бодови на СП, гол-разликата, бројот на дадени голови, ферплеј бодовите и местото на листата на ФИФА.
Хрватите на четири одиграни меча освоија 6 бода, со гол-разлика 6:7, а Босанците 4 бода со гол-разлика 5:8.
Конечен поредок на СП 2026: 5. Норвешка (12 бода), 6. Белгија (11), 7. Мароко и Швајцарија (по 11), 9. Мексико (12), 10. Колумбија (11), 11. Бразил (10), 12. САД (9), 13. Португалија (8), 14. Канада (7), 15. Египет (6), 16. Парагвај (5), 17. Холандија (8), 18. Германија (7), 19. Брег на Слоновата Коска (6), 20. Хрватска (6), 21. Јапонија (5), 22. Австралија (5), 23. ДР Конго (4), 24. Гана (4), 25. Еквадор и Јужна Африка (по 4), 27. Шведска (4), 28. Австрија (4), 29. БиХ (4), 30. Алжир (4), 31. Сенегал (3), 32. Зеленортски Острови (3), 33. Иран (3), 34. Јужна Кореја (3), 35. Турција (3), 36. Шкотска (3), 37. Уругвај (2), 38. Саудиска Арабија (2), 39. Чешка (1), 40. Нов Зеланд (1), 41. Катар (1), 42. Курасао (1), 43. Панама (0), 44. Јордан (0), 45. Хаити (0), 46. Узбекистан (0), 47. Тунис (0) и 48. Ирак (0).