Свет

Макрон: Во септември ќе ја признаеме државата Палестина

Според американскиот државен секретар Марко Рубио, Вашингтон го отфрла планот на францускиот претседател нарекувајќи го „неодговорна одлука“

 

„Оваа неодговорна одлука служи само на пропагандата на Хамас и го забавува мирот“, напиша Рубио во објава на социјалната мрежа X.

Амбасадорот на Вашингтон во Израел, Мајк Хакаби, во јуни изјави дека не мисли оти независна палестинска држава останува цел на американската надворешна политика.

Франција ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, објави францускиот претседател Емануел Макрон вчера на социјалните мрежи, предизвикувајќи жестоки критики од Израел и воодушевување од Палестинците.

„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Ќе го дадам официјалното соопштение на Генералното собрание на Обединетите нации во септември“, напиша францускиот шеф на државата на X и Инстаграм.

„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Ќе го дадам официјалното соопштение на Генералното собрание на Обединетите нации во септември“, напиша францускиот шеф на државата на X и Инстаграм.

До денес, најмалку 142 земји признале палестинска држава, според АФП. Соединетите Американски Држави и Израел цврсто се спротивставуваат на таков проект.

„Итна потреба денес е да се стави крај на војната во Газа и да се спаси цивилното население“, нагласи францускиот претседател на X.

Во овој контекст, „конечно мора да изградиме палестинска држава, да ја обезбедиме нејзината одржливост и да обезбедиме дека со прифаќање на нејзината демилитаризација и целосно признавање на Израел, таа ќе придонесе за безбедноста на сите на Блискиот Исток“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

За неколку дена Европа може да остане без горива!?

Ивршниот директор на Шел, Ваел Саван., вели дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принуди делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

To top