Хроника

Насилниот татко на кумановката што побара помош сместен во Демир Хисар

Реакција од институциите по видео пораката во која ќерката побара од нив да ја заштитат неа и мајка ѝ од агресивниот маж

Откако физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово јавно побара помош од институциите, тие реагираа такашто нејзиниот насилен татко П.Ц. го сместија во Психијатриската болница во Демир Хисар.

„Ве информираме дека Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово. Лицето се спроведува во Психијатриската болница Демир Хисар, а по претходно добиено решение од Основниот суд Куманово“, соопшти СВР Куманово.

Цветковска во видео порака на Инстаграм побара институциите да ѝ помогнат да биде хоспитализиран нејзиниот татко со дијагноза дека е алкохоличар. Тој вчера бил пријавен во полиција за закана со убиство кон нејзината мајка и негова сопруга, но таа држела в раце тавче со врело масло од пржење јајца и така се одбранила.

Од полицијата насилникот бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница, од кадешто требаше да излезе утро изутрина, но по реакцијата од институциите лицето е одведено на лекување во Демир Хисар.

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top