Регион

Кривична пријава против Еди Рама и Бленди Гонџе за издвоените пари за концерт

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

Пратеничката група на опозициската Демократската партија поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), против премиерот Еди Рама и министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџе, во врска со издвоените средства во знос од 4,2 милиони евра, за концертот на Канје Вест во Тирана. Веста на Фејсбук ја објави координаторот на пратеничката група, Газмент Барди, каде што објави и копија од пријавата поднесена до Специјалното обвинителство.

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

Таа е поврзана со одлуката на владата да издвои средства за организација на концертот на познатиот американски рапер Канје Вест, кој се одржа во саботата на стадионот „Игл“ во Тирана. Опозицијата претходно се спротивстави на ова финансирање, обвинувајќи за „користење на резервни средства на владата за приватна активност“.

Незадоволство од одлуката на владата изразија и учесниците во протестите што се одржуваат во Тирана, а пред Министерството за култура, несогласување искажаа и група уметници и активнисти обвинувајќи дека  локалните уметници остануваат меѓу најмалку поддржаните во регионот а „владата одлучила да го финансира концертот на уметник кој неодамна го поддржа нацизмот, антисемитизмот и оправданото ропство“.

И покрај осудата и од опозицијата и граѓанскиот сектор, премиерот Рама беше категоричен дека  средства биле „вложување“ за да се избегне срамот за Албанија доколку концертот се откаже. Тој пред концерот го прми Вест во владата а по потоа објави дека на „спектаклот кој потврдил дека Албанија е безбедна земја, присуствувале над 25 илјади туристи од 80 земји“.

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Најнови вести

To top