Свет

Израелски министер: „Газа ќе биде еврејска“

Контроверзниот Амихај Елијаху, изјави дека Израел не треба да се грижи за гладот во Газа

Десничарскиот политичар од партијата Оцма Јехудит ги отфрли обновените предупредувања на ОН за глад предизвикан во опколената палестинска енклава, тврдејќи дека израелската влада „брза да ја збрише Газа“, јјави Тајмс оф Израел.

„Фала му на Бога што го бришеме ова зло. Цела Газа ќе биде еврејска“, изјави Елијаху.

„Не треба да се грижиме за гладот во Газа – светот нека се грижи за нив. Ниедна нација не ги храни своите непријатели. Дали целосно сме се изгубиле од умот? Дали треба да се грижиме за нивната вечера?“ додаде тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се дистанцираше од забелешките, велејќи дека Елијаху не е член на Советот за национална безбедност, кој одлучува за водењето на војната.

„Политиката на оваа влада е јасна и унифицирана. Неговите изјави не ја претставуваат владата“, рече Нетанјаху.

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, исто така ги осуди коментарите на Елијаху, нарекувајќи ги „погрешни, глупави и целосно нерепрезентативни за владата и народот на Израел“. Во објава на X, тој нагласи дека Израел е посветен на создавање механизам за доставување хуманитарна помош до цивилите во Газа, „Но не преку Хамас“.

„Луѓето од Газа не се ниту мртви ниту живи“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

(Видео): Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната во Украина, рече Трамп

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и првите детали од салата за состаноци, според кои украинската делегација е сместена на една страна од масата, а американската делегација спроти нив. На состанокот присуствува и генералот Дан Кејн, претседател на Здружениот штаб и највисок воен функционер на САД.

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал, како што го опиша, „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, непосредно пред закажаниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Флорида.

Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.

Најнови вести

To top