Хроника

Го усмртил татка си со над 30 убоди од нож во Чаир на 12.7.2026 – психијатар ќе му ја проверува психичката состојба

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 30-годишен скопјанец, кој е осомничен за кривичното дело убиство.

Според Обвинителството, на 12 јули, по расправија и физички напад меѓу неговиот татко и мајка во семејниот дом, осомничениот зел нож и во дворот го нападнал својот татко. Тој, според сомневањата, му нанел повеќе од 30 убоди во пределот на вратот и градниот кош, од кои повредениот починал на местото на настанот.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија за целосно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. 
Со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката, Основното јавно обвинителство предложи Судот да му определи мерка притвор.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top