Свет

Стармер: Путин не е сериозен за мирот

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“. Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со […]

epa12094487 British Prime Minister Keir Starmer gestures as he speaks during a meeting with Swedish Prime Minister Ulf Kristersson (not pictured) at 10 Downing Street in London, Britain, 12 May 2025. Kristersson is visiting London for bilateral talks with his British counterpart. EPA-EFE/JAIMI JOY / POOL

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.

Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“.

– Затоа е неопходно да имаме апсолутно единство со нашите сојузници и денеска ќе разговараме за тоа, за да биде јасно дека има прекин на огнот. Исто така, да биде јасно, ако не дејствуваме заедно за санкциите, нема да има прекин на огнот, посочи Стармер.

Тој додаде дека „денеска е важна, вистинска можност, да се работи со колегите за да бидеме целосно обединети, претседателот Зеленски ќе биде тука, ќе разговараме за тоа со него“.

На прашањето како одвиваат разговорите за Брегзит, британскиот премиер рече дека „всушност, во изминатите две недели видовме трговски договор помеѓу Индија и САД, што е многу важно, мислам дека тоа ќе продолжи. В понеделник ќе има нешто што ќе биде многу важен момент за подобрување на животот на работниците. Ова е многу позитивно за да се радуваме на Самитот во понеделник“

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top