Свет

Каспаров: Путин нема намера да склучи мир со Украина

Рускиот претседaтел секогаш ескалира кога чувствува дека е во неволја, вели еден од најжестоките притичари на Путин

 

Рускиот претседател Владимир Путин нема намера да склучи мировен договор со Украина и е поверојатно да ја ескалира својата војна по парламентарните избори во септември, изјави рускиот опозициски активист Гари Каспаров, сега еден од најистакнатите критичари на Кремљ во егзил, цитиран од Политико.

Неговото предупредување доаѓа откако Украина ги засили нападите врз руската воена логистика и енергетска инфраструктура. Според естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна, ова ја остави Русија „послаба“ и Киев се надева дека може да ѝ даде предност на преговарачката маса.

„Путин секогаш ескалира кога чувствува дека е во неволја. Најприродната ескалација е провокацијата“, рече Каспаров.

Каспаров рече дека очекува таков потег да вклучува инвазија на земја на источното крило на НАТО, како што се Латвија или Естонија, за да се види дали другите членки на алијансата – а особено САД – ќе одговорат.

Тој ги наведе неодамна предложените законски измени на руската влада, кои би го олесниле мобилизирањето на трупите со елиминирање на медицинскиот преглед што претходно беше потребен за регрутација, како еден знак дека Москва се подготвува за понатамошен конфликт.

„Нема ниту еден знак во руската пропагандна машинерија, во постапките на руската влада, во говорите на Путин“ дека Кремљ се подготвува за мир, рече тој, додавајќи дека сите знаци укажуваат во една насока: „Војна, војна, војна, војна“.

Каспаров го отфрли аргументот дека Русија нема ресурси за да отвори уште еден фронт. Москва би можела да заземе мал пограничен град – потенцијално со рускојазично население – и да почека да види како ќе реагира алијансата.

Доколку САД потоа не успеат да помогнат во одбраната на земја што е нападната, рече Каспаров, Путин ќе ја постигне својата цел дека: „НАТО повеќе не е таму“.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top