Спорт

Аргентина во финалето на Мундијалот

По спректакуларната победа од 2:1 против Англија в недела ќе се соочи со Шпанија

Во драматично полуфинале , Аргентина ја победи Англија со 2-1 по одличен пресврт во последните минути.

Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за светската титула со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение.

На Светското првенство 2026 останаа уште само два натпревара, финалето и мечот за третото место.

Во првото полуфинале Шпанија ја совлада Франција со 2:0 и обезбеди место во големото финале…

Аргентина во второто полуфинале направи спектакуларен пресврт и ја победи Англија со 2:1.

Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна титула и четврта вкупно против Шпанија во финалето. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули, во 21 часот по средноевропско време.

Франција и Англија играат за третото место еден ден претходно во 23 часот.

Најнови вести од: Спорт

To top