Македонија

На покана од Рубио Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ – можност за продлабочување на соработката со САД

На покана на американскиот државен секретар Марко Рубио министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон. Ќе учествува на министерска конференција, посветена на заканите од политичкиот тероризам.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, заради унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. – Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици, велат од Министерството.

Во средиштето на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата да се зајакне меѓународната координација за  раното препознавање и спречување на заканите. На состанокот министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка.

Во рамки на посетата на Вашингтон, во заднината се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top