Регион

Грчките ,,Амазонки” го освоија Долни Сарај

Дело инспирирано од грчката митологија на фестивалот Охридско лето!

Вчера сцената на Долни Сарај во Охрид ја пречека „Митот за амазонките“, танцова претстава инспирирана од легендарните жени воини од грчката митологија.

Продукцијата е изведена од ART Dance Theater Company од Грција а е во кореографија на Артемис Игнатиу, меѓународно признат кореограф на церемониите за палење и предавање на #Олимпискиот пламен од 2008 година.

Амазонките, митски воинки кои потекнуваат од Арес, Богот на војната и нимфата Хармонија, биле познати по својата храброст и вештина во битката.

Преку движење и танц, оваа претстава го оживува нивниот свет, фокусирајќи се на два иконски мита: деветтиот труд на Херакле, кражбата на златниот појас на кралицата Хиполита и легендарниот дуел помеѓу Пентесилеја и Ахил, каде што љубовта и трагедијата се појавуваат среде војна.

На претставата присуствувала и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Настанот е поддржан од EDS (Energy Delivery Solutions), водечка компанија за трговија и снабдување со електрична енергија во Македонија, која функционира како дел од PPC Group (Public Power Corporation), најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top