Македонија

Вработен на Универзитетот во Тетово, осомничен за проневера на над 3,3 милиони денари од студентски такси

Обвинетиот А.З., вработен како виш соработник за логистика и теренска работа, во периодот март 2020 – февруари 2023 година, е осомничен за проневера на пари што студентите му ги предале за учество, кофинансирање и други трошоци за студирање

 

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против вработен на Универзитетот во Тетово, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и фалсификување документи.

Според Финансиската полиција, обвинетиот А.З., вработен како виш соработник за логистика и теренска работа, во периодот март 2020 – февруари 2023 година, е осомничен за проневера на пари што студентите му ги предале за учество, кофинансирање и други трошоци за студирање.

Наместо да ги уплати средствата на сметката на универзитетот преку платформата E-pay, тој е осомничен дека ги чувал за себе, незаконски стекнувајќи околу 3.362.272 денари со што и на Универзитетот во Тетово му е нанесена финансиска штета.

За да го прикрие кривичното дело, тој е осомничен дека изготвил фалсификувани потврди за плаќање, кои им ги доставувал на студентите како доказ дека плаќањата се извршени.

Според истрагата, за да ги фалсификува документите, тој користел податоци и QR-код од вистинска потврда за плаќање преку E-pay, а потоа го менувал името на плаќачот, износот и датумот на плаќањето.
Студентите, верувајќи дека плаќањата се извршени, ги доставувле овие документи до електронскиот систем на универзитетот и до студентската служба.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top