На 08.05.2026 во канцеларија на подрачната единица на Агенција за вработување во Македонска Каменица, првопријавениот Ј.К. се претставил како Б.К. и во негово име приложил контролен картон за редовно пријавување на невработени лица.
По пеземени мерки било утврдено дека Б.К., кој бил корисник на паричен надомест за период од 01.02.2026 до 05.06.2026 од АВРСМ и бил должен лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена, го поттикнал Ј.К. да го пријавува и на тој начин се стекнал со имотна корист од 37.768 денари.