Македонија

Цели три недели влегувале фекалии во гостиварскиот водовод

Тројца осомничени за тешки дела против животната средина и природата, односно за загадување на вода за пиење

 

Според Обвинителството, на 25 јуни тие им дале наредба на вработени во јавното претпријатие да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода, во близина на преливната комора на системот за водоснабдување, за да го тестираат притисокот на водата.

При увидот што бил извршен на 16 јули, обвинителот утврдил дека две од пумпите сè уште работеле и преку црева ја пренесувале водата од отворениот канал директно во комората со вода за пиење. Со тоа, според истрагата, дошло до мешање на загадената вода со водата од градскиот водовод.

Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека водата од каналот содржела околу 48 пати повеќе колиформни бактерии од максимално дозволеното, а загадување било утврдено и во примероци од водоводната мрежа. Обвинителството соопшти дека поради високата микробиолошка загаденост водата станала неупотреблива за пиење и за друга употреба.

Анализите што по наредба на јавен обвинител ги извршил Институтот за јавно здравје покажале исклучително високо присуство на колиформни бактерии во водата од каналот – 2.419,6 cfu/100 ml, иако максимално дозволената вредност е 50 cfu/100 ml.

Загадување било утврдено и во примероците од водата за пиење, каде биле регистрирани 39 cfu/100 ml колиформни бактерии, иако според прописите нивното присуство треба да биде нула.

„Поради високата загаденост, водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Токму поради ова загадување, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство препорачаа водата од градскиот водовод во Гостивар да не се користи за пиење, подготовка на храна, миење овошје и зеленчук, одржување лична хигиена, како и за други намени, сè додека не се потврди дека е безбедна.

Обвинителството оценува дека постои основано сомнение оти стореното кривично дело предизвикало последици кои не можат лесно да се отстранат и најавува дека истрагата продолжува.

Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи ги лиши од слобода Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши, а обвинителот во текот на утрешниот ден ќе одлучи какви мерки за обезбедување ќе побара од судот.

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека досега се регистрирани 3.150 здравствени контакти поврзани со затруената вода, а четири лица биле хоспитализирани и веќе се пуштени на домашно лекување.
Осомничените се лишени од слобода, а јавен обвинител во текот на утрешниот ден ќе одлучи какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи пред судот.

Ввчера, градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани соопшти дека директорката и дел од раководството на „Комуналец“ се суспендирани, додека премиерот Христијан Мицкоски порача дека морална одговорност треба да понесат сите инволвирани.

За денес е најавен брифинг на Основното јавно обвинителство Гостивар, на кој ќе присуствува и државниот јавен обвинител Ненад Савески.

 

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top