Претседателката на Индија вчера беше пречекана од шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски.
За денеска , предвидена е тет-а-тет средба на двете претседателки и пленарен состанок на македонската и индиската делегација по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Предвидено е претседателката на Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
На вториот ден од посетата, двете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.
По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.
Друпади Мурму пристигна вчера на скопскиот аеродром каде беше пречекана од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.