Македонија

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги спроведува обврските.  Тој истакна дека реформските законски решенија се исполнети со исклучок на изборниот закон, за кој нагласи дека не е донесен „поради причини, кои се познати во јавноста не е донесен“. – Од оние што беа во „грејс-период“, остана само изборниот закон, сè друго е завршено. И од оние што се во редовна процедура, најголемиот дел е завршен. Денеска имавме состанок преку интернет-врска со Брисел и со Копман. Разговараме за законите и реформските чекори, кои се во „грејс-период“ до декември оваа година и кои се во предвидениот рок од декември годинава. Продолжуваме со несмалена динамика да остваруваме. Денеска од нивна страна добивме, условно кажано, и одреден комплимент дека сме први од сите земји, што почнуваат со овие чекори да се занимаваат, а другите сè уште немаат таква намера – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираното одделение за травматологија на Клиниката за хирургиски болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Запрашан дали ќе има повторно обиди за донесување на изборниот закон, премиерот повтори дека опозицијата треба да се договори за текст на законот, во кој ќе го вклучи и иселеништвото. Тој повика на одговорност на лидерите на СДСМ, Левица и ДУИ. – Тоа веќе не зависи од нас. Ние рековме нека седнат во опозицијата, нека се договорат, нека ја вклучат дијаспората, нека дојдат, ние бланко ќе го поддржиме она што ќе го договорат меѓу себе. Затоа апелирам на одговорност, на зрелост, кај претседателите на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и на другите формални или неформални групи во парламентот, да седнат како коалиција да се договорат и да донесат документ што ние веднаш ќе го прифатиме. Треба зрело да се однесуваат претседателите на политичките партии СДСМ, Левицата и ДУИ и да не го блокираат ова, туку да се договорат каков текст на Изборен законик ним им одговора, и ние тој ќе го прифатиме – изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top