Македонија

Продолжува нестабилното време – грмежи, дождови, можно невреме

Стабилизација на времето се очекува во четврток, кога ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер

Според прогнозата на УХМР, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но во делови од земјата ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува од северен правец. Во западните делови ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремени засилувања од западен правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Маврово до 20 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат од 27 до 32 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од Скопската Котлина можна е нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степен.

Стабилизација на времето се очекува во четврток, кога ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top