Македонија

Мицкоски: До крајот на летото избор на локација за новиот клинички центар, во оптек и алтернативна блиска локација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде завршен изборот на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за травматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Мицкоски изјави дека се водат разговори со сопственикот на земјиштето, а разгледува и алтернативна локација во близина. – Да, има разговори. Разговараме со сопственикот на земјиштето. Имаме и втора опција во близина на таа парцела. Нормално, никогаш не се потпираме само на една опција. Очекувам дека во тој периметар ќе можеме да го заокружиме процесот, а потоа да направиме добар план за конечно да отпочнеме со реализација на таа здравствена инвестиција – рече Мицкоски.

На прашањето кога очекува да биде завршен процесот, премиерот посочи дека тоа би требало да се случи во текот на летниот период. – Летово нека биде последен период – изјави Мицкоски.

Локацијата што Владата ја разгледува за изградба на новиот клинички центар е просторот кај спортскиот центар и базенот „Борис Трајковски“ во Карпош, во непосредна близина на ГОБ „8 Септември“, ПЕТ Центарот и поликлиниката „Букурешт“. Според досегашните најави, земјиштето е во приватна сопственост и се водат преговори за негово обезбедување, а планот е новиот клинички центар да биде дел од интегриран здравствен комплекс поврзан со ГОБ „8 Септември“ преку топол подземен премин.

Премиерот Мицкоски претходно изјави дека станува збор за локација со добра сообраќајна поврзаност и инфраструктурни можности, додека првичните активности за реализација на проектот, доколку процедурите се одвиваат според планот, би можеле да започнат во текот на 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top