Македонија

Samsung Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8: Уреди на преклоп, усовршени за секојдневниот начин на живот

Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување

Компанијата “Самсунг“ (“Samsung“) денес ја претстави новата Galaxy Z серија, својата досега најцелосна понуда, дизајнирана да ги донесе преклопните уреди до поширока публика. Понудата го воведува Galaxy Z Fold8, нов и возбудлив форма-фактор кој обезбедува ново искуство на преклоп изградено околу начинот на кој луѓето истражуваат, откриваат и се потопуваат во нивната омилена содржина.

Серијата исто така го опфаќа и Galaxy Z Fold8 Ultra, кој го носи познатиот Ultra стандард на Galaxy во светот на преклопните уреди, нудејќи максимална продуктивност и креирање содржини на поголем работен простор. Galaxy Z Flip8, најстилски до сега, е создаден за изразување и брза интеракција во движење. Изградена врз седум генерации на иновации во преклопните уреди и увид во потребите на потрошувачите, новата серија Galaxy Z им дава на корисниците повеќе избор од кога било досега, со три различни искуства создадени да одговараат на различни потреби.

Galaxy AI е оптимизиран за секој од овие форм-фактори. Низ целата линија, секој увид се доживува поизведлив и секоја акција се чувствува поповрзана. Мултитаскингот е полесен на поголемите екрани на Galaxy Fold8 и Fold8 Ultra, додека FlexWindow екранот со вештачката интелигенција на Galaxy Flip8, ги држи релевантните информации и кратенките на дофат. Со партнерските искуства со вештачка интелигенција како што е Gemini Intelligence, Galaxy им дава на корисниците уште повеќе начини да ги завршат работите во помалку чекори – со вградена транспарентност, приватност и контрола од страна на корисниците.

“Како што вештачката интелигенција станува сè поагентска, мобилните уреди ќе станат најличната влезна точка за искуства кои ги разбираат и се прилагодуваат на секој корисник”, изјави ТМ Рох (TM Roh), Главен извршен директор, претседател и раководител на Одделот за корисничко искуство со уреди (DX) во “Samsung Electronics“. “Со поставување нов стандард за уредите на преклоп, ние уште еднаш го унапредуваме премиум мобилното искуство и ја отвораме новата ера на интелигенција за повеќе луѓе.”

Сосема нов Galaxy Z Fold8: Ново Galaxy Fold искуство за секојдневна имерзија

Galaxy Z Fold8 е реосмислен за корисници кои сакаат преклопен уред кој се доживува природно во моментите кога љубопитноста се претвора во подлабоко откривање. Уредот Galaxy Fold8 воведува форм-фактор дизајниран за лесно преминување од брзи интеракции на надворешниот екран до подлабоко гледање, читање и играње игри на главниот екран. Со интуитивниот сооднос на екранот и долготрајните перформанси, Galaxy Z Fold8 го олеснува извлекувањето на максимумот од содржината, приказните и идеите што се важни.

Создаден за откритија

Соодносите на екранот на Galaxy Z Fold8 се дизајнирани околу начинот на кој луѓето природно ја консумираат содржината во текот на денот. Со прилагодување на екранот на содржината, Galaxy Fold8 создава поимерзивно искуство без разлика дали корисниците пребаруваат, гледаат, читаат или играат игри. Со само 201g[1], Galaxy Z Fold8 е најлесниот Galaxy Z Fold уред на Самсунг досега[2]. И покрај неговиот лесен дизајн, уредот го комбинира Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy[3] со поголема батерија од 4.800 mAh[4], обезбедувајќи непречена, одзивна работа и долготрајна енергија за корисниците да можат подолго да останат потопени во содржината.

  • Кога е преклопен, надворешниот екран со сооднос од 10:16[5] се доживува познато и удобно за кратките моменти на кои луѓето најчесто се навраќаат, од пораки и ажурирања на социјалните мрежи до прелистување и кратки видеа.
  • Кога е отворен, главниот екран со сооднос 4:3[6] создава поголемо платно кое им помага на корисниците да се препуштат на игри и филмови, а воедно го намалува неискористениот простор за содржина од 16:9.
  • Кога е ротиран, истиот сооднос на екранот станува природно прилагоден за читање, давајќи им на корисниците поудобен начин да се сместат во статии, е-книги и содржина со долга форма, без да носат друг уред.
  • Заедно, овие соодноси на екранот се дизајнирани околу начинот на кој луѓето природно ја консумираат содржината, помагајќи му на Galaxy Z Fold8 да се доживее поимерзивно, без разлика дали корисниците на брзина проверуваат информации на уредот или го користат за подолги сесии.

Екран дизајниран од внатре кон надвор

Низ новата Galaxy Z серија, експертското инженерство на екраните служи како основа за попрефинето искуство при преклопување, поддржувајќи потенки дизајни, поголема издржливост и понепречено гледање.

  • Новата Flex Titanium технологија на “Samsung“ воведува структура на екран базирана на титаниум, дизајнирана да ги направи преклопните уреди потенки, истовремено одржувајќи ја нивната издржливост. Со комбинирање на фолија од легура на титаниум со подобрена титаниумска плоча, Flex Titanium помага да се зајакне поддршката на екранот, да се апсорбира притисокот и влијанието, како и да се намали видливоста на наборите со текот на времето. Оваа структура исто така го усовршува начинот на отворање на уредот, балансирајќи ја механиката на шарката, напнатоста на екранот и магнетната сила, со цел да се постигне поглатко, полесно и поприродно отворање.[7]
  • Со до 000 нити осветленост, со Vision Booster и со завршна обработка на екранот со ниска рефлексија, главниот екран останува живописен и лесен за гледање дури и на отворено.

Јасно и разновидно искуство со камерата

Galaxy Z Fold8 е дизајниран да им помогне на корисниците да ги “фатат“ и споделат моментите што го привлекуваат нивното внимание. Без разлика дали станува збор за прекрасен пејзаж, групна снимка или спонтан момент во движење, Galaxy Z Fold8 го прави секојдневното фотографирање и креирање видео записи полесно при снимање, уредување и споделување.

  • Dual 50 MP камерите испорачуваат конзистентни детали со висока резолуција низ широки и ултра широки перспективи, помагајќи да се зачува квалитетот на сликата низ различни сцени и услови на снимање[8].
  • Функцијата Dual Recording им овозможува на корисниците да ги снимат двете страни на моментот додека се гледаат себеси преку надворешниот екран, правејќи ги реакциите и споделените искуства полесни за кадрирање.
  • Функцијата My FanCam[9] автоматски го следи избраниот субјект и го прекадрира снимениот материјал во претпочитан сооднос на ширина и висина, претворајќи ги динамичните сцени во видеа подготвени за социјални мрежи со помалку рачно уредување.

Galaxy Z Fold8 Ultra: Ултра преклоплив уред создаден за максимална продуктивност

Ultra го претставува највисокиот стандард на Galaxy за перформанси, способности и иновации. Со Galaxy Z Fold8 Ultra, овој стандард се среќава со најнапредниот преклоплив дизајн на “Samsung“. Неговиот експанзивен 8-инчен главен екран[10] отвора продуктивен работен простор   за мултитаскинг, додека напредниот систем на камери и долготрајната батерија поддржуваат креирање во текот на целиот ден. Сето ова доаѓа “спакувано“ во најтенкиот дизајн на Galaxy Z Fold досега, со само 4,1 мм дебелина кога е расклопен и тежина од 215g[11], поместувајќи го стандардот за продуктивност во движење.

Професионално ниво на креативност со камера систем на ултра-ниво

Galaxy Z Fold8 Ultra е создаден за да им даде на креаторите поголема слобода од снимање до уредување, со ултра ниво на системот на камери и креативни алатки кои го олеснуваат производството на висококвалитетна содржина од еден уред.

  • Системот на главни камери од 200 MP снима богати, детални фотографии со поголема јасност, а сега е зајакнат со можност за висок динамички опсег (High Dynamic Range – HDR) во 200 MP режим за пореални слики[12].
  • Новата ултра широка камера од 50 MP носи поголеми детали и јасност во пошироките сцени и макро снимки, давајќи им на корисниците поголема флексибилност при снимање пејзажи, ентериери, групни снимки и детали одблизу.
  • Подобрената Nightography[13] ноќна фотографија7 им помага на фотографиите и видеата да изгледаат посветли и појасни при слаба осветленост, така што корисниците можат да снимаат извонредни моменти дури и во предизвикувачки услови на осветлување.
  • За напредните креатори, снимањето на 8K видео преку новиот APV кодек им дава на корисниците поголема флексибилност и квалитет за работните процеси за уредување и продукција, додека Cine LUT додава кинематографска контрола на бојата и тонот, директно од мобилниот уред.

Моќ, батерија и систем на ладење создадени за целодневна продуктивност

Galaxy Z Fold8 Ultra е дизајниран да остане брз, респонзивен и уред на кој може да се потпрете низ најсложените работни оптоварувања, од потежок мултитаскинг и креирање содржина, до работни процеси со вештачка интелигенција.

  • Со Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy[14] во својата суштина, Galaxy Fold8 Ultra ги испорачува перформансите што им се потребни на корисниците за да се префрлаат од една на друга апликација, да работат на поголем екран и да ги реализираат задачите со високи побарувања непречено.
  • Поголемата батерија од 5.000 mAh[15] им помага на корисниците да останат продуктивни подолго време[16], поддржувајќи цел ден работа, креирање и забава, во потенок преклоплив дизајн.
  • Galaxy Z Fold8 Ultra воведува новата двојна DCIC архитектура за полнење со брзо полнење од 45W, помагајќи за поефикасна дистрибуција на енергијата ширум батерискиот систем за побрзо, постабилно и порелијабилно полнење во текот на денот.
  • Galaxy Z Fold8 Ultra користи проширена графитна структура за ладење, создадена за подобрена термална спроводливост, што помага за распоредување на топлината поефикасно и одржување на одзивноста на уредот за време на напорни задачи..

Galaxy Z Flip8: Најелегантно, најекспресивно Flip искуство базирано на вештачка интелигенција

Galaxy Z Flip8 е создаден за корисници кои сакаат нивниот телефон да е динамичен колку што се и тие. Дизајниран околу брзи интеракции, лично изразување и искуства базирани на вештачка интелигенција, Galaxy Z Flip8 ја доближува моќта на Galaxy AI до секојдневните моменти преку редизајниран FlexWindow екран и уникатно флексибилен Flip форм-фактор. Со само 180g[17] и дебелина од 6,1mm, најтенкиот и најлесниот Flip на “Samsung“ ги доближува информациите, дејствата и креативноста до секојдневните моменти.

Попаметно, поинтуитивно искуство со FlexWindow екранот

Galaxy Z Flip8 го реосмислува FlexWindow екранот како секојдневен интерфејс базиран на вештачка интелигенција, доближувајќи ги информациите, дејствата и асистенцијата до моментите кога на корисниците најмногу им се потребни.

  • Новиот FlexWindow ги доближува апликациите, увидите и дејствата директно на надворешниот екран, помагајќи им на корисниците да пристапат до информации, функции со вештачка интелигенција и поврзани задачи во помалку чекори.
  • Функцијата Now Brief[18] на FlexWindow почетниот екран носи навремени сознанија и следни чекори, помагајќи им на корисниците да преминат од информации што се лесни за гледање кон акција во вистинскиот момент.
  • Galaxy Z Flip8, исто така ја прави автоматизацијата[19] преку Gemini Intelligence полесна за пристапување од FlexWindow[20], дозволувајќи им на корисниците да извршуваат поврзани дејства преку активирање со странично копче или природни гласовни барања.

 

FlexCam функцијата овозможува поекспресивно искуство со Flip Selfie

Galaxy Z Flip8 го подобрува препознатливото искуство со Flip камерата на “Samsung“, претворајќи ги секојдневните моменти во поекспресивна содржина преку флексибилни агли на снимање, прегледи во реално време и креативни искуства само со Flip. Од снимање без раце и преглед во реално време, до селфи видеа од задниот екран и огледални селфи фотографии само со Flip, Galaxy Z Flip8 им помага на корисниците да создаваат, проверуваат и споделуваат уредени моменти без да поставуваат дополнителна опрема.

  • Камерата од 50MP со ProVisual Engine го испорачува најнапредното селфи искуство на Galaxy Z Flip, помагајќи им на корисниците да креираат детални портрети и да снимаат секојдневни снимки со природни тонови на кожата, динамичен “bokeh“ ефект и впечатливи детали[21].
  • Режимот Flex Mode го олеснува снимањето без раце од широк опсег на агли, додека држачот за камера (Camcorder Grip) со Zoom Rocker обезбедува поудобно и постабилно држење за снимање во движење.
  • Функцијата Super Steady, сега со опција за хоризонтално заклучување, помага снимките да бидат непречени и конзистентно кадрирани, без разлика дали се снимаат мигови исполнети со акција или пак се креираат селфи видеа во движење.
  • Функцијата FlipShot им овозможува на корисниците да го персонализираат FlexWindow и да создаваат поекспресивни селфи-фотографии во огледало, додека функцијата Mirror View им дава на корисниците реалистичен поглед како огледало, за брзи проверки на изгледот пред да фотографираат или да излезат.

Нова класа на агентски искуства оптимизирани за уреди на преклоп

Како најличниот уред што луѓето го носат со себе, телефонот стана примарна влезна точка каде што вештачката интелигенција се среќава со корисниците, а новата Galaxy Z серија го поставува тонот за следната генерација мобилни искуства со вештачка интелигенција. Galaxy AI сега работи низ повеќе апликации и услуги, со искуства оптимизирани за преклопни форм-фактори. Со разбирање на она што е важно за секој корисник и помагајќи им да ги претворат увидите во акција, Galaxy AI станува поперсонализиран, проактивен и корисен во текот на целиот ден.

  • Функцијата Now Brief им помага на корисниците да останат информирани со персонализирани увиди прилагодени на нивните рутини, интереси и дневни потреби преку проширени сценарија, прилагодливи брифинг картички и персонализирани препораки. Исто така, сега прикажува и безбедносни увиди и увиди кои се однесуваат на приватноста, помагајќи им на корисниците да бидат чекор пред потенцијалните ризици и заштитните мерки.
  • Функцијата Now Nudge[22] помага увидите да се претворат во акција. Кога плановите почнуваат да се обликуваат во разговор, вештачката интелигенција може да ги покаже следните релевантни чекори како што се проверка на распоред, наоѓање место или зачувување на локација. На преклопните уреди, корисниците можат да го продолжат разговорот еден до друг на поголеми екрани.
  • Gemini Intelligence им помага на корисниците да преминат од барање до резултат со помалку чекори. Корисниците можат едноставно да опишат што им треба или дури и да додадат контекст на екранот или сликата. Автоматизацијата на апликациите сега може да работи низ повеќе од 40 поддржани апликации и услуги, со можности кои рангираат од пронаоѓање билети, до пронаоѓање ресторан во близина и правење резервација. Со Gemini Notebook, корисниците исто така можат да ги обединат белешките, сликите, снимките, датотеките и документите во едно трајно работно опкружување за да ги собираат, организираат и развиваат своите идеи. Поддршката за повлекување и пуштање во поделен приказ го прави работниот тек уште поинтуитивен, овозможувајќи им на корисниците лесно да додаваат повеќе датотеки и слики и да ја претворат својата содржина во аудио прегледи, инфографици, извештаи, резимеа од состаноци, визуелни резимеа, документи и многу повеќе.
  • Искуствата со вештачка интелигенција стануваат поповрзани и поконтекстуални кога се поврзани со Galaxy Watch Ultra2, Galaxy Watch9 серијата и дури и со претстојните интелигентни очила (Intelligent Eyewear). Од увиди за благосостојба до дневни рутини и поврзани активности, Galaxy AI им помага на корисниците да се движат побеспрекорно помеѓу уредите, со навремена персонализирана поддршка во текот на целиот ден.

Заедно, овие искуства покажуваат како Galaxy AI станува поспособен и проактивен придружник, помагајќи им на корисниците да постигнат повеќе со помалку напор. Низ целата линија, форм-факторите на преклопување го олеснуваат пристапот до овие искуства во текот на денот.

Безбедност и приватност вградени во искуството

Како што вештачката интелигенција станува поперсонална и агентска, довербата станува суштинска основа на искуството. Корисниците треба да знаат како се користат нивните податоци, да разберат што прави вештачката интелигенција во нивно име и да останат во контрола врз изборите што го обликуваат нивното искуство. Со новата Galaxy Z серија, “Samsung“ ја вградува таа доверба во уредот од самиот почеток, чувајќи ги личните податоци безбедни додека истовремено овозможувајќи им на корисниците транспарентност, избор и контрола над тоа како нивните корисници се користат.

Samsung Knox го штити секој Galaxy уред од чипот па сѐ низ по високите нивоа, со повеќеслоен пристап што вклучува персонализација на уредот, обработка на облак (cloud) контролирана од корисникот и заштита на целиот екосистем преку Samsung Knox Matrix. За вештачката интелигенција на уредот, Personal Data Engine (PDE) овозможува контекстуално свесни, персонализирани искуства со вештачка интелигенција. За да се заштити PDE, додека зајакнатата енкриптирана заштита на Knox (Knox Enhanced Encrypted Protection – KEEP) создава шифрирани, средини за складирање специфични за апликациите, а Knox Vault за чувствителните информации додава физички слој отпорен на неовластено нарушување[23]. Овие заштити на ниво на систем функционираат заедно со Напредните поставки за интелигенција и Интелигенцијата за лични податоци за да им помогнат на корисниците да контролираат како функциите за вештачка интелигенција управуваат и користат лични податоци.

One UI 9.0, исто така, воведува нова AI Assistant Activity контролна табла, за активности на асистентот со вештачка интелигенција, давајќи им на корисниците централизиран преглед на автоматизациите на вештачката интелигенција што работат во нивно име. Наместо да се движат низ повеќе апликации и услуги за да разберат што се случило, корисниците можат да ги прегледуваат дејствата на вештачката интелигенција на едно место и директно да навигираат до релевантниот агент[24] за дополнителен контекст и поставки. Серијата Z8 исто така носи и зајакнати Известувања за приватност (Privacy Alerts), кои проактивно ги известуваат корисниците за потенцијални ризици за приватноста, вклучително и непотребни обиди за пристап до позадински овластувања, помагајќи им да реагираат пред тие ризици да станат невидливи.

Овие ажурирања се надградуваат на постоечкото портфолио за безбедност и приватност на Galaxy, кое вклучува Автоматски блокер (Auto Blocker), Заштита од кражба (Theft Protection), Приватно споделување (Private Sharing), Безбедно Wi-Fi (Secure Wi-Fi) и повеќе. Заедно, овие подобрувања им помагаат на корисниците да преземат поактивна улога во управувањето со личните податоци и активностите на вештачката интелигенција, со транспарентност, појасни избори и посилни заштити во основата на нивното искуство, погрижувајќи се повеќе лични искуства со вештачка интелигенција да останат засновани на доверба.

Почеток со новата Galaxy Z серија

Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8 се достапни за нарачка на одредени пазари, почнувајќи од денес, 22 јули 2026 година. Сите уреди ќе бидат достапни во Графитна и Крем боја, додека Galaxy Z Fold8 Ultra ќе биде ексклузивно достапен во нијансата Виолетова сенка, Galaxy Z Fold8 во Лаванда, а Galaxy Z Flip8 во Розова. Во период од 22 до 29 јули 2026 година, оние кои ќе нарачаат некој од новите уреди можат да заштедат до 6.000 денари[25].

Новата Galaxy Z серија ќе ги доближи придобивките од напредната вештачка интелигенција до секојдневниот живот на корисниците преку обезбедување 6-месечен бесплатен пробен период за Google AI Pro[26], вклучувајќи 5 TB облак-простор за складирање, во вкупна вредност од 6.525,10 денари. Со проширен пристап до најспособните модели на вештачка интелигенција на Google, корисниците можат да ја зголемат својата продуктивност и креативност на преклопливиот екран секогаш кога ќе посакаат.

Префрлувањето на Galaxy сега е полесно од кога било, благодарение на поглатко пренесување низ поширок спектар на уреди[27]. Со ажурираната функција Smart Switch, корисниците на iOS можат да скенираат QR-код на своите моментални уреди и безжично да пренесат податоци без преземање дополнителни апликации. Smart Switch исто така може да пренесе дополнителни типови на податоци, вклучувајќи лозинки и клучеви за пристап, историја на повици, поставки за пристапност, eSIM податоци и друго, помагајќи да се намали времето потребно за поставување на новиот уред. Дополнително, со новата компатибилност на Quick Share со AirDrop[28], споделувањето датотеки помеѓу iOS и Galaxy уреди сега е беспрекорно во двете насоки.

За повеќе информации за новата Galaxy Z серија, посетете ја страницата: Samsung Newsroom или Samsung.com.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

 

ТАБЕЛА СО СПЕЦИФИКАЦИИ

  Galaxy Z Fold8 Ultra
Екран Главен екран 8 инчи* QXGA+*
Динамичен AMOLED 2X Екран
(2.504 x 2.256), 422 ppi
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold8 Ultra е 8,0 инчи како целосен правоаголник и 8,0 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Надворешен екран 6,5 инчи* FHD+*
Динамичен AMOLED 2X Екран
(1.080 x 2.220), 422 ppi
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold8 Ultra е 6,5 инчи како целосен правоаголник и 6,5 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Димензии и Тежина Преклопен 72,8 x 158,4 x 8,9mm
Отворен 143,2 x 158,4 x 4,1mm
* Дебелината на Galaxy Z Fold8 Ultra кога е отворен не ја вклучува рамката на Главниот екран.
Тежина 215 gr
Камера Надворешна камера 10MP Селфи камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.12μm, FOV: 85˚

Главна камера 10MP Главна камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.12μm, FOV: 100˚

Задна тројна камера 200MP Широко-аголна камера

Quad Pixel AF, OIS, F1.7, Големина на пиксел: 0.6μm, FOV: 85˚,

2X зум со оптички квалитет

50MP Ултра широка камера

Quad Pixel AF, F1.9, Големина на пиксел: 0.7μm, FOV: 120˚

10MP Теле-фото камера

PDAF, OIS, F2.4, Големина на пиксел: 1.0μm, FOV: 36˚, 3X оптички зум

AP Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy
*Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated.
Меморија и простор за складирање 16GB меморија со интерен простор за складирање од 1TB
12GB меморија со интерен простор за складирање од 512GB
12GB меморија со интерен простор за складирање од 256GB
*Достапноста може да варира во зависност од регионот и продажниот канал. Опциите за простор за складирање и достапноста може да варираат во зависност од добавувачот, земјата и регионот.
Батерија

 

 

5.000 mAh (типична) двојна батерија
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Оценетиот капацитет е 4,854mAh за Galaxy Z Fold8 Ultra. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
Полнење*   Полнење со кабел *: До 75% наполнета батерија за 30 минути со адаптер од 60W**

Супер брзо безжично полнење***

Wireless PowerShare****

*Полнење со кабел компатибилно со QC2.0 и AFC. Резултати од интерни лабораториски тестови на Samsung, спроведени со 45W адаптер за патување додека уредот има преостанати 0% батерија, со сите услуги, карактеристики и екран исклучени. Реалното време на полнење може да варира во зависност од реалното користење, условите на полнење и други фактори.
**Адаптерот за полнење од 45W се продава засебно. Употребувајте само кабли и полначи одобрени од Samsung.
***Безжично полнење компатибилно со WPC.
**** Wireless PowerShare е ограничено на Samsung или други брендови паметни телефони со WPC Qi безжично полнење. Може да не функционира со одредени додатоци, навлаки, уреди од други брендови. Може да влијае на примање на повик или услуги со проток на податоци, во зависност од мрежната средина.
Отпорност на вода IP48
*На основа на лабораториски тест услови за потопување во до 1,5 метри свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или во базен. Исплакнете ги остатоците и исушете ако е влажно. Водоотпорноста на уредот не е трајна и со текот на времето може да се намали поради нормалното абење и трошење.
Оперативен систем (OS) Android 17
One UI 9
Мрежа и поврзаност 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Bluetooth® v 6.0
*Потребна е оптимална 5G мрежна поврзаност, достапна на одредени пазари. Проверете со продажниот партнер за достапност и детали. Брзините за симнување и стриминг може да варираат во зависност од провајдерот на содржини, поврзаноста на серверот и други фактори.
**Достапноста на LTE модел варира во зависност од пазарот и продажниот партнер. Реалната брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката средина.
***Wi-Fi мрежната достапност може да варира во зависност од пазарот, мрежниот провајдер и корисничката средина. Потребна е оптимална конекција. Потребен е Wi-Fi 7 рутер.
Бои Графитна, Крем, Виолетова сенка*
*Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, регионот или продажниот партнер.

 

 

  Galaxy Z Fold8
Екран Главен екран 7,6 инчи* QXGA+*
Динамичен AMOLED 2X Екран
(2.504 x 2.256), 422 ppi
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold8 е 7,6 инчи како целосен правоаголник и 7,6 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Надворешен екран 5,5 инчи* WUXGA+
Динамичен AMOLED 2X Екран
(1.248 x 1.972), 428 ppi
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold8 е 5,4 инчи како целосен правоаголник и 5,5 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Димензии и Тежина Преклопен 81,9 x 123,9 x 9,7mm
Отворен 161,4 x 123,9 x 4,5mm
* Дебелината на Galaxy Z Fold8 кога е отворен не ја вклучува рамката на Главниот екран.
Тежина 201 gr
Камера Надворешна камера 10MP Селфи камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.12μm, FOV: 85˚

Главна камера 10MP Главна камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.12μm, FOV: 100˚

Задна двојна камера 50MP Широко-аголна камера

Dual Pixel AF, OIS, F1.8, Големина на пиксел: 1.0μm, FOV: 85

2X зум со оптички квалитет

50MP Ултра широка камера

Quad Pixel AF, F1.9, Големина на пиксел: 0.7μm, FOV: 120˚

AP Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy
*Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated.
Меморија и простор за складирање 16GB меморија со интерен простор за складирање од 1TB
12GB меморија со интерен простор за складирање од 512GB
12GB меморија со интерен простор за складирање од 256GB
*Достапноста може да варира во зависност од регионот и продажниот канал. Опциите за простор за складирање и достапноста може да варираат во зависност од добавувачот, земјата и регионот.
Батерија

 

 

4.800 mAh (типична) двојна батерија
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Оценетиот капацитет е 4,660mAh за Galaxy Z Fold8. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
Полнење*   Жично полнење*: До 63% полнење за околу 30 мин. со адаптер од 45 W и 3A USB-C кабел**
Брзо безжично полнење со 20 W***
Wireless PowerShare****
*Полнење со кабел компатибилно со QC2.0 и AFC. Резултати од интерни лабораториски тестови на Samsung, спроведени со 45W адаптер за патување додека уредот има преостанати 0% батерија, со сите услуги, карактеристики и екран исклучени. Реалното време на полнење може да варира во зависност од реалното користење, условите на полнење и други фактори.
**Адаптерот за полнење од 45W се продава засебно. Употребувајте само кабли и полначи одобрени од Samsung.
***Безжично полнење компатибилно со WPC.
**** Wireless PowerShare е ограничено на Samsung или други брендови паметни телефони со WPC Qi безжично полнење. Може да не функционира со одредени додатоци, навлаки, уреди од други брендови. Може да влијае на примање на повик или услуги со проток на податоци, во зависност од мрежната средина.
Отпорност на вода IP48
*На основа на лабораториски тест услови за потопување во до 1,5 метри свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или во базен. Исплакнете ги остатоците и исушете ако е влажно. Водоотпорноста на уредот не е трајна и со текот на времето може да се намали поради нормалното абење и трошење.
Оперативен систем (OS) Android 17
One UI 9
Мрежа и поврзаност 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Bluetooth® v 6.0
*Потребна е оптимална 5G мрежна поврзаност, достапна на одредени пазари. Проверете со продажниот партнер за достапност и детали. Брзините за симнување и стриминг може да варираат во зависност од провајдерот на содржини, поврзаноста на серверот и други фактори.
**Достапноста на LTE модел варира во зависност од пазарот и продажниот партнер. Реалната брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката средина.
***Wi-Fi мрежната достапност може да варира во зависност од пазарот, мрежниот провајдер и корисничката средина. Потребна е оптимална конекција. Потребен е Wi-Fi 7 рутер.
Бои Графитна, Крем, Лаванда*
*Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, регионот или продажниот партнер.

 

 

  Galaxy Z Flip8
Екран Главен екран 6,9 инчи* FHD+*
Динамичен AMOLED 2X Екран
120Hz адаптивна стапка на освежување (1~120Hz)
(1.080 x 2.520), 400 ppi
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Flip8 е 6,9 инчи како целосен правоаголник и 6,8 инчи без заоблените агли; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Надворешен екран 4,1 инчи* Super AMOLED Екран*
60/120Hz стапка на освежување
948 x 1.048, 342 ppi
Vision booster
*Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Flip8 е 4,1 инч како целосен правоаголник; реалната површина за гледање е помала заради заоблените агли и отворот за камерата.
Димензии и Тежина Преклопен 75,4 x 85,7 x 13,1mm
Отворен 75,4 x 166,9 x 6,1mm
* Дебелината на Galaxy Z Flip8 кога е отворен не ја вклучува рамката на Главниот екран.
Тежина 180 gr
Камера Предна камера 10MP Селфи камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.12μm, FOV: 85˚

Задна двојна камера 50MP Широко-аголна камера

Dual Pixel AF, OIS, F1.8, Големина на пиксел: 1.0μm, FOV: 85

2X зум со оптички квалитет

12MP Ултра широка камера

F2.2, Големина на пиксел: 1.2μm, FOV: 123˚

AP Exynos2600
Меморија и простор за складирање 12GB меморија со интерен простор за складирање од 512GB
12GB меморија со интерен простор за складирање од 256GB
* Достапниот капацитет за складирање зависи од претходно инсталираниот софтвер. Опциите за меморија може да варираат во зависност од пазарот.
Батерија

 

 

4.300 mAh (типична) двојна батерија
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е естимирана просечна вредност имајќи ја предвид девијацијата во батерискиот капацитет помеѓу примероците батерии тестирани под стандардот IEC 61960. Оценетиот капацитет е 4,174mAh за Galaxy Z Flip8. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.
Полнење*   Жично полнење*: До 55% полнење за околу 30 мин. со адаптер од 25 W и 3A USB-C кабел**
Брзо безжично полнење со 15 W***
Wireless PowerShare****
*Полнење со кабел компатибилно со QC2.0 и AFC. Резултати од интерни лабораториски тестови на Samsung, спроведени со 45W адаптер за патување додека уредот има преостанати 0% батерија, со сите услуги, карактеристики и екран исклучени. Реалното време на полнење може да варира во зависност од реалното користење, условите на полнење и други фактори.
**Адаптерот за полнење од 25W се продава засебно. Употребувајте само кабли и полначи одобрени од Samsung.
***Безжично полнење компатибилно со WPC.
**** Wireless PowerShare е ограничено на Samsung или други брендови паметни телефони со WPC Qi безжично полнење. Може да не функционира со одредени додатоци, навлаки, уреди од други брендови. Може да влијае на примање на повик или услуги со проток на податоци, во зависност од мрежната средина.
Отпорност на вода IP48
*На основа на лабораториски тест услови за потопување во до 1,5 метри свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или во базен. Исплакнете ги остатоците и исушете ако е влажно. Водоотпорноста на уредот не е трајна и со текот на времето може да се намали поради нормалното абење и трошење.
Оперативен систем (OS) Android 17
One UI 9
Мрежа и поврзаност 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Bluetooth® v 5.4
*Потребна е оптимална 5G мрежна поврзаност, достапна на одредени пазари. Проверете со продажниот партнер за достапност и детали. Брзините за симнување и стриминг може да варираат во зависност од провајдерот на содржини, поврзаноста на серверот и други фактори.
**Достапноста на LTE модел варира во зависност од пазарот и продажниот партнер. Реалната брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничката средина.
***Wi-Fi мрежната достапност може да варира во зависност од пазарот, мрежниот провајдер и корисничката средина. Потребна е оптимална конекција. Потребен е Wi-Fi 7 рутер.
Бои Графитна, Крем, Розова *
*Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, регионот или продажниот партнер.

 

[1] Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.

[2]Во споредба со претходните модели на Galaxy Z Fold.

[3] Производите со брендот Snapdragon се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated.

[4] Типичната вредност е тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценета просечна вредност која ја зема предвид девијацијата во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Наведениот капацитет е 4660 mAh за Galaxy Z Fold8.

[5]   Прикажаните соодноси се приближни и се засноваат на вредности од репрезентативни модели.

[6]   Прикажаните соодноси се приближни и се засноваат на вредности од репрезентативни модели.

[7] Споредено со претходните модели на Galaxy Z Fold.

[8] Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите за снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, субјекти надвор од фокус или субјекти во движење.

[9] Функцијата My FanCam бара најава со Samsung сметка. Достапноста може да варира во зависност од видеото. Не е поддржана ако нема субјект за следење. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[10] Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold8 Ultra е 6,5″ како целосен правоаголник и 6,5″ со вклучени заоблени агли. Големината на главниот екран е 8,0″ како целосен правоаголник и 8,0″ со вклучени заоблени агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.

[11] Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.

[12] Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите за снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, субјекти надвор од фокус или субјекти во движење.

[13] Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите за снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, субјекти надвор од фокус или субјекти во движење.

[14] Производите со брендот Snapdragon се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Qualcomm Incorporated.

[15] Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценета просечна вредност која ја зема предвид девијацијата во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет на батеријата за Galaxy Z Fold8 Ultra е 4854 mAh.

[16] Врз основа на интерни лабораториски тест-услови на Samsung со претпродажна верзија на дадениот модел поврзан со слушалки преку Bluetooth под стандардни поставки преку LTE. Проценето во однос на капацитетот на батеријата и измерениот струен удар при потрошувачката на енергија на батеријата за време на репродукција на видео (резолуција на видеодатотеката 720p, зачувана на уредот) на главниот екран. Вистинското време на репродукција на видео може да варира во зависност од мрежната конекција, поставките, форматот на видеодатотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори

[17] Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.

[18]За функцијата Now Brief потребна е најава на Samsung сметка. Достапните функции и можности може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот, јазикот, моделот на уредот и апликациите. За некои функции може да биде потребна мрежна конекција. Содржината за прилагодено информирање се базира само на личните информации за кои корисникот се согласил. Точноста на генерираните резултати не е загарантирана.

[19] Функцијата за автоматизација е достапна во САД и Кореја и поддржува англиски (САД) и корејски јазик. Поддржаните јазици и региони ќе бидат дополнително проширени во текот на оваа година. Достапноста може да варира во зависност од земјата, регионот и јазикот.

[20] Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите за снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, субјекти надвор од фокус или субјекти во движење.

[21] Резултатите може да варираат во зависност од условите на осветлување и/или условите за снимање, вклучувајќи повеќе субјекти, субјекти надвор од фокус или субјекти во движење.

[22] За функцијата Now Nudge потребна е најава на Samsung сметка. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Предлозите за текстуални пораки се достапни со Samsung Messages и одредени апликации за пораки од трети страни, вклучувајќи ги Google Messages и Google Chat. Апликациите што го поддржуваат одвоениот приказ може да се разликуваат. Споделувањето фотографии во Now Nudge функционира преку анализа на достапната содржина на сликата. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[23] Personal Data Engine (PDE) ) функционира под услов менито Интелигенција за лични податоци да е вклучено. Анализираните податоци ќе бидат избришани откако ќе се исклучи менито “Интелигенција за лични податоци”. PDE препознава одредени јазици и акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на арапски, кинески (поедноставен), холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски, романски, руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски. PDE моментално анализира родни апликации на Samsung и известувања од поддржани апликации. KEEP е достапен на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 8 или понова верзија.

[24] Активноста на AI асистентот обезбедува прегледност на подобните активности на агентите. Достапноста на агентите и активностите може да варира во зависност од пазарот, моделот и верзијата на оперативниот систем.

[25] Наведениот износ е проценет износ на заштеда пресметан според препорачаните цени за малопродажба. Износот на заштедата може да се разликува во зависност од партнерот за малопродажба. Се однесува на Galaxy Z Fold8 Ultra, Z Fold8 и Z Flip8 за моделите од 12/512 GB и 12/256 GB. Пресметаната заштеда изнесува 6.000 денари за моделите од 12/512 GB, а 3.000 денари за моделите од 12/256 GB. Во понудата не е вклучен моделот од 1TB.

[26] Gemini е заштитен знак на Google LLC. Важат условите за користење. Со претплатата, се согласувате со условите за Google One, AI Credits и понудите. Понудата важи до 1 август 2027 година во 23:59 часот по пацифичко време (PT). Достапно само за лица постари од 18 години. Доколку претплатата не се откаже претходно, Google One ќе наплаќа 1.087,52 денари (19,99 $) месечно по истекот на пробниот период. Претплатата можете да ја откажете во секое време. Враќањето на купениот уред може да доведе до откажување на претплатата. Целосните услови се достапни на: https://one.google.com/offer/terms-and-conditions/samsung-flipfold8-6month-trial. Износот во локалната валута е пресметан според средниот курс на Централната банка на Северна Македонија на ден 26.06.2026 година.

[27] Кабелските преноси од уреди со Android™ бараат примачот да има Android™ 6.0 или понова верзија, а испраќачот да има Android™ 6.0 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжична врска. За безжични врски, примачот мора да има Android™ 6.0 или понова верзија, а испраќачот мора да има Android™ 6.0 или понова верзија.  Отворете Smart Switch Mobile во “Поставки” на уредот Galaxy примач или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржините и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од методот на пренос. Кабелските преноси од iOS бараат уредот примач да има Android™ 17 или понова верзија и One UI 9 или понова верзија, а уредот испраќач да има iOS 26.6 или понова верзија. Преносот може да се изврши без кабел преку безжична врска. За безжични врски, уредот што прима мора да има Android™ 17 или понова верзија, а уредот што испраќа мора да има iOS 26.6 или понова верзија. Достапноста на пренос на eSIM може да варира во зависност од операторот. Детална листа на достапни оператори може да најдете на https://samsung.com/esim-support.

[28] Функцијата Quick Share помеѓу Galaxy уреди е достапна на следните уреди: паметни телефони и таблети со Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова, и Galaxy Books издадени во 2020 година или подоцна. Потребни се Samsung сметка, како и Wi-Fi и Bluetooth конекција. За споделување со уреди на Apple, потребен е уред Galaxy со апликацијата Quick Share во верзија 13.8.51.27 или понова и услуги на Google Play во верзија 26.11.xx или понова. Почнувајќи од јули 2026 година, функцијата “Сподели со уреди на Apple” ќе биде поддржана на серијата Galaxy S26, Galaxy Z Fold8 Ultra, Galaxy Z Fold8 и Galaxy Z Flip8 и во иднина ќе се прошири на одредени водечки модели. Серијата Galaxy S26 бара ажурирање на софтверот. Достапноста е предмет на промени. Компатибилноста е поддржана само од Google. Мора да бидете во домет на Bluetooth. AirDrop® е регистрирана трговска марка на Apple Inc. Вашиот телефон може привремено да се исклучи од Wi-Fi мрежите кога пребарува или споделува со iOS уреди. Вашиот телефон може привремено да се исклучи од Wi-Fi мрежите кога пребарува или споделува со Apple уреди.

Најнови вести од: Македонија

Проблем со водата и во Валандово, препорачано е да не се пие: арсен има до 14, а максималната граница е 10!

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно со добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Мицкоски: До крајот на летото избор на локација за новиот клинички центар, во оптек и алтернативна блиска локација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде завршен изборот на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

Трети ден по ред се стабилизира состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Мицкоски: Целосно е реновирана Трауматологија во старата градска болница, здравството ќе биде еден од врвните приоритети на Владата!

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за травматологија во старата Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница.

To top