Македонија

Кина со досега најостар потег против Европската Унија

Ова е директна реакција на одлуката на Европската Унија да додаде 14 кинески компании на својата листа на санкции против Русија.

Ова е директна реакција на одлуката на Европската Унија да додаде 14 кинески компании на својата листа на санкции против Русија.

Ова е најстрогиот одговор на Пекинг на европските мерки, кои кинеската влада ги оцени како скандалозни. Според неодамнешните анализи, се проценува дека дури 90 отсто од санкционираната стока што сè уште пристигнува во Русија поминува преку Кина, пишува „Политико“.

Германскиот одбранбен гигант „Рајнметал“ е исто така на листата на компании на кои кинеските извозници повеќе не смеат да испорачуваат стока со двојна намена – производи што имаат и цивилна и воена примена. Одлуката беше објавена во петокот од страна на кинеското Министерство за трговија.

Мерките се однесуваат и на чешкиот производител на камиони „Татра“, холандската компанија за морско инженерство IHC Merwede и неколку компании од секторот за оптика и ласер. Извозниците ќе можат да бараат посебни дозволи, но одобрувањето ќе биде можно само за испораки што се сметаат за „вистински неопходни“.

Потегот на Пекинг дојде само еден ден откако Европската Унија додаде 14 субјекти од Кина и Хонг Конг на својата листа на санкции, забранувајќи им на европските компании да соработуваат со нив. Станува збор најчесто за логистички компании кои им помагаат на руските увозници да стекнат западна технологија.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Непозната материја се излева во Вардар, инспекциите се на терен

Град Скопје соопшти дека денеска попладнето добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. За ова алармираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.

Неисправна вода за пиење и во Дворци, општина Пласница – пронајдени цревни бактерии

Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да […]

To top