Македонија

Со реформите во јавната администрација директорите ќе мора да бидат способни, стручни и образовани

Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење.

Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните, се вели во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според знаење, компетентност и професионално искуство. Истовремено, се воведуваат механизми за следење на нивната работа и поголема одговорност за крајните резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење. Воедно, се унапредуваат системите за управување со човечки ресурси, транспарентноста и процесот на подготовка на законите преку пошироки јавни консултации.

-Овие промени значат администрација во која стручноста е на прво место и институции кои ќе работат поодговорно и поефикасно. Реформите продолжуваат и во наредниот период, со цел да се изгради модерна, професионална и ефикасна јавна администрација, посочувааат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top