Македонија

Сметките за парно ќе бидат повисоки од август

И покрај новите ревидирани цени, кои паѓаат на товар на граѓанскиот буџет, од Регулаторната комисија уверуваат дека ценовното ниво во земјава останува поволно во споредба со соседните држави.

Граѓаните на Скопје ќе се соочат со повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги утврди новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август.

Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се коригира нагоре за 5,96 отсто.

Паралелно со ова, поскапување ќе има и за сите останати снабдувачи во градот, иако со нешто понизок процент. За корисниците на „ЕСМ Енергетика“ (т.н. железарско парно) зголемувањето изнесува 5,18 отсто, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената оди нагоре за 3,65 отсто.

Пресметките на регулаторот покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари.

И покрај новите ревидирани цени, кои паѓаат на товар на граѓанскиот буџет, од Регулаторната комисија уверуваат дека ценовното ниво во земјава останува поволно во споредба со соседните држави.

Најнови вести од: Македонија

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

To top