Кристофер Митревски ја направи горда македонската заедница во Австралија со освоеното четврто место во скок во далечина на Игрите на Комонвелтот што се одржуваат од 23 јули до 2 август во Глазгов.
Митревски прескокна 8,02 метри и само шест сантиметри го делеа од бронзениот медал што му припадна на Шкотланѓанецот Стивен Мекензи. Златото го освои Тиџеј Гејл од Јамајка со 8,15 м, а среброто Индиецот Шришанкар со 8,09 м.
Личен рекорд на 30-годишниот Македонец од Мелбурн во оваа атлетска дисциплина е 8,32 м.
Пред три години го освои 13. место на Светското првенство, кадешто само за еден сантиметар не се квалификува за финалето, а таа година стана првак на Океанија.