Грчкиот кошаркарски прволигаш Арис го прифати барањето од Кошаркарската фереација на Македонија за Ненад Димитриевиќ да настапи во вториот круг од квалификациите за Европското првенство 2029, кој за „црвено-жолтите“ почнува со гостувањето кај Австрија на 30 август.
Во групата е уште Кипар, а само најдобрата селекција ќе продолжи во главните квалифиакции за Евробаскетот.
„Тоа е охрабрувачка вест за македонската кошарка и за сите љубители на спортот кои посакуваат нашата репрезентација да настапи во својот најсилен состав. Сега вниманието природно се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон одлуката на Ненад Димитриевиќ. Искрено веруваме дека тој ќе го прифати повикот и повторно ќе го облече дресот со државниот грб, затоа што секој настап за Македонија е повеќе од спортски предизвик – тоа е чест, гордост и привилегија“, соопшти КФМ.