Свет

Уште 500 Мароканци пробаа да влезат во шпанската територија Мелилја

По Сеута, уште еден автономен шпански град на северноафриканскиот брег на удар на марокански емигранти

Група од околу 500 луѓе се обиде да влезе на шпанската територија Мелиља во Северна Африка од Мароко, што доведе до немири на граничниот премин Бени Ензар, при што се слушнаа неколку експлозии.

Неколку припадници на полицијата за разбивање демонстрации се распоредени во областа, а од местото на обидот за преминување може да се слушнат извици, објави шпанскиот јавен радиодифузер РТВЕ.

Граничниот премин е затворен од вчеравечер, откако 50.000 луѓе нелегално влегоа во Сеута, од кои 400 преку Мелилја.

Покрај тоа, околу 500 луѓе се обидуваат да се вратат во Мароко преку шпанската страна, што дополнително го влоши метежот, и додека не се реши ситуацијата и преминот повторно не се отвори, тие ќе бидат сместени во павилјони на Црвениот крст поставени во близина на преминот.

Мелилја е територија од 12,3 квадратни километри со 87 илјади жители.

Најнови вести од: Свет

To top