Македонија

Не може луѓе „од јахта“ да ни кажуваат како да ја водиме државата

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи национална идеологија да станат омразата и песимизмот кои ги шират луѓе што секој викенд се на јахти и договараат нови предавства

Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат поинаква, но не помалку тешка обврска и задача, се веливо денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче збори за корупцијата кога сите го чествуваат Илинден

„ Задачата на новата генерација е да ја зачува Македонија силна, да ја направи економски просперитетна, праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината дома, во својата татковина.

И оваа битка е подеднакво тешка затоа што освен надвор, борбата треба да ја водиме и дома, затоа што во државата имаме политички гарнитури кои за власт се спремни да распродадат се што останало од националните обележја, тоа што нивните претходници не успеаја да распродадат.

И така, чекајќи некој да ги донесе на власт во замена за нови предавства, наместо натпревар со идеи, концепти и предлози, создаваат хистерија, шират лаги, омраза, дефетизам дека оваа држава нема да успее и дека единствениот излез за младите генерации е билет во еден правец.

Но, тоа што им порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, заеднички дом за сите и иднина. Народот никогаш нема да биде разочаран и никогаш нема да биде прифатено однесувањето од минатото на отстапки од националните идентитетски прашањата на евроинтегративниот пат, по ниедна цена.

Затоа ги повикуваме граѓаните да не паѓаат во замката на талогот кој борците за власт со предавства, а не со победа на избори и натпревар од добри идеи и програми, го создаваат. На нив не може да им се верува, тие на секој државен успех гледаат со цинизам и омраза

Обврска на сите нас е да се избориме со овој општествен слој, заеднички да го вратиме достоинството на чесниот и родољубив човек, да ја врати вербата во институциите, да ја зачува душата и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество.

Денес не се води само економска борба за повеќе инвестиции и за подобри услови за живот, туку и против домашните предавници и злонамерници и отровот кој го шират една иста група луѓе кои секој викенд се на јахти, договараат и се нудат за нови отстапки, заеднички со напатениот народ ќе биде спречен.

Исто така, битката за иднината на младите е одлучувачка и затоа ќе се избориме да изградиме држава во која законите важат за сите, со одлучна борба против криминалот и земја каде трудот се цени, а младите не се принудени да заминуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата и песимизмот да станат национална идеологија, туку ќе се избориме и заедно со народот ќе останеме исправени, обединети и достоинствени, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top