Македонија

Србите во Македонија навредени од СДСМ, најавен жесток одговор до Филипче

Ќе следува жесток одговор до лидерот на партијата Венко Филипче кој според нив со непромислените изјави и соопштенија на СДСМ ги нарушува српско-македонските односи

Србите во Македонија навредени од СДСМ, најавуваат жесток одговор до Венко Филипче откако неговата партија остро го министерот за локална самоуправа и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) Иван Стоиљковиќ.

Извори во српската заедница во Македонија вечат дека е неприфатливо опозицискиот СДСМ да реагира со омраза на интервјуто што Стоиљковиќ го даде за белградскиот дневен весник „Политика“.

Во интервјуто, објавено на 4 август, Стоиљковиќ оцени дека со нападите врз неговото назначување СДСМ им испраќа порака на граѓаните од српска националност дека ги смета за „граѓани од втор ред“. Според него, правата на српската заедница се пожелни само формално во изборни кампањи, а реториката на опозицијата покажува дека „би биле среќни ако Србите воопшто не постоеја во Македонија“. Тој ја оцени соработката меѓу ДПСМ и ВМРО-ДПМНЕ како стратешко партнерство засновано на еднаквост, нагласувајќи дека присуството на Србин на чело на министерство е „кошмар“ за СДСМ и ДУИ.

Стоиљковиќ ја критикуваше и опозицијата за шовинистичка реторика и за односот кон српски инвестиции, истакнувајќи дека додека опозицијата се исцрпува во таква реторика, ДПСМ и ВМРО-ДПМНЕ градат стабилна држава.

Како одговор на интервјуто, во јавноста објави соопштение во стил на СДСМ во кое се вели:

„Иван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија. Не ни смета Србија. Ни сметаш ТИ.“

Во текстот се наведуваат бројни обвинувања кон министерот.

Соопштението завршува со став дека Србите се „драги сограѓани, соседи и пријатели“ како малцинство во Македонија, но дека проблемот е лично Стоиљковиќ и неговите соработници од владејачката структура, кои според авторот ја блокираат европската иднина на земјата.

„Србија не е Вучиќ. Српската напредна странка не се Србите“, се вели во текстот.

Припадници на српската заедница во земјава бараат бараат итна и остра реакција од ,,Заедницата на Србите во Македонија”.

Тие сметаат дека нападите на СДСМ кон Србите во Македонија се неприфатливи, дека долго молчеле за антисрпската политика на СДСМ но сега ќе следува жесток одговор до лидерот на партијата Венко Филипче кој според нив со непромислените изјави и соопштенија на Бихаќка ги нарушува српско-македонските односи.

Реакцијата дојде по неколку часа

Слушај ти, комуњарско коњиште,
подгазна муво на белосветските сатрапи, кој без око да ти трепне
тргуваш со судбината на сопствениот народ, стои во јавната порака до Филипче

„За гомнар со гомнарска цевка“- Филипче доби жестока реакција од Српската заедница во Македонија

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top