Свет

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, Исланд претставува „посебен случај“ бидејќи веќе е дел од Европскиот економски простор и Шенген зоната, што би можело значително да го забрза процесот. Таа оцени дека доколку граѓаните дадат поддршка за продолжување на преговорите, земјата би можела да го заврши патот кон членство за една до две години. Висок претставник на Европската комисија вклучен во процесот на проширување оценил дека Исланд брзо би можел да ја стигне Црна Гора, која затворила повеќе од половината од 33-те преговарачки поглавја и има амбиција да стане членка во 2028 година.

Друг претставник на Комисијата рекол дека постои голема можност за заеднички пакет Црна Гора–Исланд, со кој земјите членки би го ратификувале пристапувањето на двете држави. Според него, Исланд како богата земја би бил нето-уплаќач во буџетот на ЕУ, додека Црна Гора би била меѓу најсиромашните членки. Црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ изјавила дека Подгорица со задоволство би ја поврзала својата кандидатура со Рејкјавик, додека исландската министерка за надворешни работи Торгердур Катрин Гунарсдотир оценила дека заедничкото пристапување е „апсолутно“ можно.

Еден европски дипломат го опишал заедничкото членство како „најдобро сценарио“, додека друг оценил дека пакетот би можел да помогне и во обезбедувањето поддршка од Франција. Кос истакнала дека ЕУ е подготвена да биде „креативна“ во преговорите со Исланд, особено во однос на специфичните прашања поврзани со рибарството и земјоделството.

Исланд ги замрзна преговорите со ЕУ во 2013 година, делумно поради спорот со Брисел околу риболовните права. Доколку преговорите повторно почнат и бидат успешно завршени, земјата ќе треба да одржи уште еден референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за самото членство во ЕУ. Последните истражувања покажуваат дека Исланѓаните се поделени околу повторното отворање на преговорите.

Најнови вести од: Свет

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top