Македонија

Македонија утре во портокалова фаза, со температури до 40 степени Целзиусови

Метеоаларм од УХМР поради исклучително топлото време во текот на утрешниот ден на целата територија на државата

Управата за хидрометеоролошки работи ја стави цела Македонија во портокалова фаза поради очекувањето температурите да се искачат до 40 степени Целзиусови во јужниот дел од државата.

Времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 33 до 40 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Во попладневните часови, особено во северните делови од земјата, локално се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

To top