Македонија

ДУИ се прашува зошто Џамбазов зборува, а Дурловски пее на македонски

Им пречи што спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци, а ппоред ДУИ „Албанците практично не постојат“

Велат дека во спотот што бешеобјавен со цел да се одбележи 35-годишнината од независноста на земјата, имало само „македонска верзија“.

„Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во наративот што Владата го подготви за 35-те години од државата.

Всушност, една од централните фигури на спотот е Игор Дурловски, име директно поврзано со настаните од 27 април 2017 година, кога толпата насилно влезе во Парламентот по изборот на првиот Албански претседател на Парламентот.

Но, уште позагрижувачко е што Владата одлучи да избрише од историјата.

Во спотот го нема Охридскиот договор – документот со кој заврши конфликтот од 2001 година и се поставија темелите на мултиетничкиот карактер на државата.

Нема членство во НАТО – едно од најголемите стратешки достигнувања на земјата.

Нема Прва меѓувладина конференција со Европската Унија.

Значи, самите историски моменти што ја трансформираа државата од етнички проект во заедничка држава, што ја закотвија во НАТО и што го отворија патот кон Европската Унија.

Всушност, овој спот е најточната слика за оваа Влада: Влада на исклучок.

Албанците може да бидат на списокот на министри, но тие не се во наративот на државата. Тие се таму како имиња и броеви за декорација, но не како присуство, влијание и фактор за донесување одлуки.

По две години систематско демонтирање на механизмите на Охридскиот договор, сега се прави обид да се демонтира сеќавањето на него.

35-годишнината од независноста требаше да биде момент да се покаже каква држава изградивме заедно и каде сакаме да ја однесеме“, велат од ДУИ, пренесе Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

To top