Хроника

Со трактор влегол во огнената стихија за да го спаси селото Лознани (ВИДЕО)

Токму интервенцијата на младиот тракторист Аце помогнала ширењето на пожарот да биде запрено на повеќе места

Во утринското информирање за вчерашниот ден кој го опшиша како најтежок годинава во справување со пожарите, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, јавно му оддаде признание на младиот тракторист Александар Чепиговски од селото Ивањевци, за неговиот придонес во справувањето со пожарот со село Лознани.

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во справување со пожариите (ВИДЕО)

Ангелов посебно ја истакна храброста и вештината на младиот тракторист, кој со својот трактор се вклучил во борбата со огнената стихија, изложувајќи се на голем ризик.

„Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце – Александар Чепиговски од с. Ивањевци, кој покажа извонредна вештина во управувањето со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик, орајќи директно низ линијата на огнот, со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места“, истакна Ангелов.

Според Ангелов, токму интервенцијата на Чепиговски помогнала ширењето на пожарот да биде запрено на повеќе места.

 

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top