Македонија Бизнис

Скопјани ќе се возат со воз низ град, кога стартуваат градежните работи за првиот дел од проектот?!

Есенва стартуваат градежните работи за првиот дел од проектот за воведување Градски воз во Скопје, за кој МЖ Инфраструктура по изработката на физибилити студијата подготвува документација за тендерот. Според најавите, тендерот ќе биде објавен наскоро, а првата линија ќе биде од Зелениково, преку Драчево, Аеродром и Кисела Вода сè до Железничката станица – Скопје. Оваа линија […]

Есенва стартуваат градежните работи за првиот дел од проектот за воведување Градски воз во Скопје, за кој МЖ Инфраструктура по изработката на физибилити студијата подготвува документација за тендерот. Според најавите, тендерот ќе биде објавен наскоро, а првата линија ќе биде од Зелениково, преку Драчево, Аеродром и Кисела Вода сè до Железничката станица – Скопје. Оваа линија надлежните најавуаат дека ќе почне да функционира до крајот на годинава.

– Реализацијата на проектот Градски воз ќе се одвива во три дела. Градежните работи на првиот дел од проектот ќе започнат наесен оваа година. Долж трасите ќе бидат изградени нови стојалишта се со цел граѓаните да имаат подобар пристап до  превозот со воз, којшто ќе им го олесни движењето од нивното населено место до Скопје. Врз основа на податоците дадени во физибилити студијата се подготвува тендерска документација и наскоро ќе биде објавен тендер за реконструкција на првиот дел од проектот Градски воз – изјави директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

Градежните работи што ќе се одвиваат оваа година се финансираат од буџетот на Владата преку Министерството за транспорт.

Ивановски вели дека во овој момент не може да се каже за исплатливоста на градскиот воз, затоа што треба да се земат предвид не само трошоците за одржување на пругата  што е во домен на МЖ Инфраструктура, туку дека тоа ќе зависи и од бројот на возови и патници, за што е надлежен МЖ Транспорт. Сепак, вели Ивановски, очекуваме дека градскиот воз ќе биде исплатлив како за двете претпријатија, така и за граѓаните кои ќе го користат овој олеснителен превоз.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претходно објави дека се работи за голема инвестиција од вкупно педесетина милиони евра за трите градски линии.

– За да се реализира целиот прстен како што е замислен, со три полукруга, потребни се околу педесет милиони евра. Дел од тие средства се обезбедени во буџетот за оваа година и ЈП „Железници инфраструктура“ наскоро, за еден месец, ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата што ќе се користи. Тоа ќе биде линијата од Зелениково, преку населбата Драчево, границата е поставена кон населбите Аеродром и Кисела Вода и завршува на Новата железничка станица. Очекуваме до крајот на годинава да биде готова, имаме многу брза агенда и првата делница Зелениково – Драчево – Аеродром – Кисела Вода – Железничка Скопје да ја имаме пред Нова година. Паралелно, ќе ги работиме и другите два прстена – рече Николоски.

Во железничката инфраструктура најавена е и реконструкција и модернизацијата на пругата на Коридор 10, што, според Ивановски, е од голема важност за МЖ Инфраструктура и со тоа ќе се овозможи зголемување на брзината на возовите како во патничкиот, така и во товарниот сообраќај.

– Со зголемување на брзината на возовите, а имајќи го в предвид фактот дека железничкиот сообраќај е  најекономичен, најеколошки и најбрз начин на превоз на големи количини на стока, железницата ќе стане најатрактивен начин за превоз и ќе го привлече транспортот којшто моментално се врши со камиони. Со пренасочувањето на превозот преку железница ќе се зголеми обемот на превезена стока и бројот на превезени патници, а тоа ќе донесе голем бенефит не само за железницата туку и за опшеството – посочи Ивановски.

Во однос на изградбата на пругата кон Бугарија на Коридорот 8, од која првата делница Куманово-Бељаковце е во функција од почетокот на годинава, директорот на МЖ Инфраструктура очекува изведувачот да го испочитува рокот и во октомври следната година да заврши изградбата на втората делница, Бељаковце-Крива Паланка“. За третата делница, Крива Паланка-граница со Бугарија, информира дека „се уште нема интерес од бугарска страна за надминување на проблемот“.

– Изведувачот на втората делница работи на терен, со нешто позабавена динамика, но очекуваме да го испочитува рокот за изградба. Во врска со третата делница, експропријацијата е завршена за имоти надвор од Крива Паланка и места каде што нема раселување. Во градот  Крива Паланка моментално е запрен процесот на експропријација бидејќи треба да се направи одредено репроектирање на трасата, коешто треба да го направи идниот изведувач. Ние сме секогаш отворени за разговор, меѓутоа од бугарската страна сеуште нема изразено интерес за надминување на овој проблем – изјави Ивановски.

Со Бугарија треба да се постигне договор за тунелот за железничко поврзување на двете држави, за кој македонската страна се изјасни дека според сегашниот проект, „ќе се гради тунел  кој не води никаде“, за ревидирање на цената и на самиот проект, како и за завршување на делот од пругата во Бугарија.

Македонската и  бугарската страна досега одржаа две средби, една во Брисел на 16 октомври лани  кога се согласија  да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8 и една во Софија на 31 октомври лани по која македонската страна објави дека се прифатени нејзините аргументи: да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената и на самиот проект. Откако Бугарија достави предлог-договор за изградбата до македонската Влада, се уште нема договор за средба на која, како што изјави неодамна вицепремиерот Николоски, треба да се разговара за спорните работи во предложениот докумет.

Официјалните податоци покажуваат дека во патничкиот сообраќај во државава во првите три месеци се реализирани 191,68 илјади возни километри, за 65,5 проценти повеќе споредено со истиот период лани. Тоа, според Извештајот за работењето на МЖ Инфраструктура за првиот квартал годинава, се должи на воведување во сообраќај на патнички возови на релацијата Скопје-Куманово-Скопје.

Патничкиот сообраќај во првиот квартал се одвивал со 1668 воза што е за 65 проценти повеќе во однос на лани. Во однос на Планот за 2025 година реализирани се 20,8 проценти возни километри.Во товарниот сообраќај, пак, сообраќале 587 воза, за 14,3 проценти помалку споредено со истиот период од 2024.  Реализирани се 69,12 илјади возни километри, за 8,6 километри помалку во споредба со истиот период лани, како резултат на намалениот обем во товарниот меѓународен и внатрешен сообраќај од хаваријата во Грција.

– За изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце Крива Паланка на железничкиот Коридор 8, во должина од 34 километри, реализирани се 82,74 милиони денари, како и 0,13 милиони денари по основ на експропријација. Во првиот квартал железничкото претпријатие исплатило пари и за експропријација на земјиште за третата делница Крива Паланка – граница со Бугарија,  во износ од 2,42 милиони денари. Трошоците што МЖ Инфраструктура ги реализирале за надзор на пругата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка изнесуваат 25,6 милиони денари – покажува Извештајот на МЖ Инфраструктура.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Најнови вести

To top