Заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство Мирко Укоски и Арбнор Арифи Албрим Хоџа се запозна со вештачкото размножување на охридската пастрмка и подготовките за порибување на езерото. „Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност.“ – истакна Хоџа.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што беше посочено, ќе продолжи со активностите и институционалната поддршка за заштита, размножување и зачувување на охридската пастрмка како автохтон вид и едно од најзначајните природни богатства на Охридското Езеро.