Хроника

Нова несреќа кај Ласкарци – Автомобил пробил банкина и слетал во ендек

Најмалку три лица потешко се повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопското село Ласкарци место познато по тоа што се случи несреќата со автобусот на Дурмо Турс.

Според информациите објавени од „Тетова Сот“, кои се повикуваат на очевидци, автомобил под засега неразјаснети околности излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото.

Во несреќата, според првичните информации, тешко се повредени три лица.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Надлежните преземаат мерки за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Засега нема официјални податоци за идентитетот и точната здравствена состојба на повредените, ниту за причините за излетувањето на возилото.

Повеќе детали се очекуваат денеска по завршувањето на полицискиот увид.

Видеото е на Тетово Сот

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top