Македонија

Шофер на моќен македонски политичар уапсен за подметнување на пожари

Целта била да се обвинат институциите дека не можат да се справат со пожарите

Шоферот на Зоран Заев подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

 

,,Ова е доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата. Крајната цел била да се обвинат институциите дека не можат да се справат со пожарите. И двете цели се разбиени. Целата јавност од денес знае дека луѓе блиски на СДС стојат зад пожарите”, рече Лефков.

 

Тој додаде дека полицијата го уапсила лицето А.Н., кој бил возач на Заев, за подметнување пожар.

,,Фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, отвора прашање, каква е вмешаноста на Венко Филипче? Дали има организирана група во СДС за палење пожари и предизвикување хаос во државата? Ако човек од најблиското опкружување на Заев пали, тогаш се поставува прашањето не само дали, туку колкумина се дел од организирана структура и мрежа на пиромани? Го повикуваме Филипче, ако не стои заедно со Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него, наместо да биде негов потрчко и извршител”, изјави  Лефков.

 

Тој ги повика институциите да го казнат со најстрога казна шоферот на Заев и да истражат до каде води линијата на наредба.

 

,,Очекуваме од Јавното обвинителство да не го штити шоферот на Заев. Одговорност мора да има, како за потпалувачите на пожарите, така и за нивните политички ментори”, порача Лефков.

 

Екс премиерот и лидер на СДСМ негира дека е во контакт со пироманот

Заев демантира дека негов шофер палел трева кај манастирот Водоча

 

Поврзана содржина

 

Еден од најблиските луѓе на Али Ахмети под закана за затвор

МВР поднесе кривична пријава против градоначалник од ДУИ

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top