Македонија

Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети

Образование

Утре почнуваат уписите на државните универзитети на нови студенти во академската 2026/2027 година. На најстариот универзитет УКИМ на вкупно 23 факултети предвидени се 8.851 место од кои 4.395 за редовни студенти, 3.621 со кофинансирање и 835 вонредни студенти. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19 август.

На УКЛО за додипломските студии има места за 2.115 нови студенти. Од нив 1.074 се во државна квота, останатите 612 и 429 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19, 20 и 21 август.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип уписите за првиот циклус почнуваат в среда 19 август, а ќе се одвиваат и во наредните два дена.

Уписите на Државниот Универзитет во Тетово ќе се одржат од 24 до 28 август.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

Во Штип со положување свежо цвеќе одбележани 83 години од смртта на народниот херој Славчо Стојменски, убиен од бугарската фашистичка полиција

Сеќавање за народниот херој на македонскиот народ, кој го положи својот млад живот во темелите на македонската држава.

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

To top