Компанијата Самсунг („Samsung“) и Музејот за историја на уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum) денес објавија ново партнерство со кое 43 внимателно избрани ремек-дела од музејската колекција ќе станат дел од Samsung Art Store. 1 Почнувајќи од денес, љубителите на уметноста ширум светот ќе можат да пристапат до овие иконски дела во импресивна 4K резолуција, ексклузивно на компатибилни „Samsung“ телевизори. 2 „Музејот за историја на уметноста не е само институција – тој е симбол на австрискиот културен идентитет и наш сосед, партнер и дом“, изјави Дарио Касари (Dario Casari), претседател на Samsung Австрија и Samsung Швајцарија. „Ова партнерство претставува нешто навистина посебно за Samsung Австрија – со спојувањето на овие културни богатства од светска класа со најсовремената технологија на „Samsung“ за прикажување слика, создаваме единствен мост меѓу историјата и иновацијата, носејќи го уметничкото наследство на Виена до публика ширум светот.“
Ремек-делата на Бројгел и Вермер сега се достапни во дигитална форма
Колекцијата во Samsung Art Store вклучува некои од најзначајните дела од сликарската галерија
на Музејот за историја на уметноста, меѓу кои:
неколку слики од Питер Бројгел Постариот (Pieter Bruegel the Elder), вклучувајќи ја и
прочуената „Вавилонска кула“(The Tower of Babel);
„Уметноста на сликарството“ од Јоханес Вермер(Johannes Vermeer);
„Nuda Veritas“ од Густав Климт;
препознатливите погледи на Венеција и Виена од Каналето (Canaletto) и Белото
(Bellotto);
„Лето“ од Џузепе Арчимболдо (Giuseppe Arcimboldo’s);
дела од Рубенс (Rubens), Веласкез (Velázquez), Караваџо ( Caravaggio), Тицијан (Titian),
Рембрант (Rembrandt) и Рафаел (Raphael).
Благодарение на дигиталната обработка во висока резолуција, гледачите можат да ги
забележат и најситните детали на овие извонредни дела. Во „Вавилонската кула“ на Бројгел се откриваат безброј архитектонски и технички детали, додека „Уметноста на сликарството“ на Вермер импресивно ја истакнува препознатливата игра на светлина и прецизност на уметникот.
Светското културно наследство директно во вашиот дом
Со приклучувањето на Музејот за историја на уметноста кон платформата Samsung Art Store, „Samsung“ продолжува да го проширува своето премиум портфолио на меѓународни културни институции. Постојните партнерства со реномирани музеи како Лувр во Париз, музејот Прадо во Мадрид и музејот MUNCH во Осло веќе им овозможуваат на корисниците пристап до уникатни уметнички колекции директно на нивните „Samsung“ телевизори. Samsung Art Store нуди внимателно курирана селекција од илјадници меѓународни уметнички дела, прикажани во нивната оригинална резолуција и со прецизна калибрација на боите. Корисниците можат да го персонализираат своето визуелно искуство со избор на дела според стил, период или расположение, претворајќи го својот дом во сопствена дигитална галерија.

„Со големо задоволство се приклучуваме на Samsung Art Store и ја споделуваме нашата исклучителна колекција со глобалната публика“, изјави д-р Џонатан Фајн (Jonathan Fine), генерален директор на KHM-Museumsverband.
„Со тоа што овие ремек-дела ги правиме достапни за сите, без оглед на нивната локација, можеме да допреме до уште поширока публика. Ова дигитално искуство ќе ги воодушеви гледачите и ќе ги инспирира да ги доживеат оригиналните дела во живо во нашиот музеј во Виена, поврзувајќи ја дигиталната достапност со незаменливото искуство да се стои пред оригиналите.“
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. “Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За Музејот за историја на уметноста
Музејот за историја на уметноста во Виена е еден од најзначајните универзални музеи во светот. Од неговото отворање во 1891 година, во него се чуваат колекциите на Хабсбурговците и се изложуваат дела што опфаќаат период од древно египетски и антички артефакти до ремек- дела на европското сликарство. Музејот ја поседува најголемата светска колекција на слики од Питер Бројгел Постариот. Самата музејска зграда претставува архитектонско ремек-дело и е едно од највпечатливите обележја долж историската виенска Рингштрасе.