Спорт

Вардар пресилен за грчкиот ракометен првак Олимпијакос

„Црвено-црните“ ги растурија Грците со 39:27 на стартот од меморијалот „Крсте Андоновски“ во Охрид

Ракометарите на Вардар го декласираа Олимпијакос со 39:27 на стартот од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

И без капитенот Лазаревски и левото крило Тузолана, двократиот европски шампион се покажа преголем залак за грчкиот првак, а најефикасни кај „црвено-црните“ беа Духаил и Воркапиќ со по 7 гола, Љевар постигна 6, Малус 5 итн.

Признанието за МВП на мечот, сепак, го доби голманот Валах за своите 15 успешни интервенции.

Најнови вести од: Спорт

To top