Македонија

Мицкоски: Намерата на СДСМ не е да се бара вина за Гостивар, туку да се прави естрада

Опозицијата не повикува за одговорност од градоначалникот, под чија надлежност е водоводното претпријатие, нагласува премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски го обвини СДСМ дека ја политизира и прави естрада од случајот со затруената вода за пиење во Гостивар, бидејќи додека ја напаѓа власта ниту еднаш не повика за одговорност од градоначалникот.

„Треба тука да дадеме одговор на едно друго прашање за коешто СДСМ до овој момент не даде одговор, а тоа е: ако тие лица имаат одговорност, а да речеме за градоначалникот на Општина Гостивар нема одговорност, бидејќи правото на оваа дејност е на општинското претпријатие, не е на државата. Државата не ја преработува водата, не ја испраќа во системот и не ја продава на потрошувачите, туку локалното водоводно претпријатие кое е во директна надлежност на општината. Зошто ова го кажувам? Не го кажувам за да ја префрлам вината, туку за да кажам дека намерата на СДСМ не е во насока на тоа да се бара вина, туку да се политизира целата работа и да се прави естрада“, изјави претседателот на Владата во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top