Македонија

За пет месеци од патарина инкасирани над 31 милион евра

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија

 

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП).

Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија.

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија.

„ Јавното претпритијатие за државни патишта секогаш кога има зголемен обем на сообраќај на наплатните станици, а посебно во летна сезона, Одделението за наплата на патарина прави акционен план (распоред) кадешто на секоја наплатна станица на двата коридори, се пуштаат во функција сите расположливи ленти, секако подеднакво се дава и приоритет на електронска наплата на патарина (ЕНП) на MTag каде најмалку една лента е секогаш во функција – тоа се возила кои поминуваат без да застанат, и на електронска наплата на патарина MCard-тоа се возила кои немаат контакт со вработен т.е. бесконтактно поминување“, – велат од ЈПДП.

Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици каде е воведена.

Од ЈПДП посочуват дека податоците за продажбата на електронски уреди и нивно надополнување, особено откако м-таг уредите се достапни и во продажните салони на операторите, покажува дека електронската наплата на патарини е зголемена за 6 проценти од вкупната таква наплата.

Од мај годинава м-таговите може да се купат и во продажната мрежа на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, а претходно беа достапни само во ЈПДП или на наплатната станица Петровец.

Раководството на ЈПДП при промоцијата на можноста за купување на м-таговите кај мобилните оператори инфорираше дека се размислува за воведување на моделот на наплата на патарини како во Србија, односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

Од наплата на патарини минатата година (заклучно со 23 декември) беше остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор во врска со евроинтеграциите

Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот – а сега сме на истото место каде што бевме пред 2021 година, вели премиерот

Утрово активни пет пожари од 37 регистрирани за 24 часа

На барање од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово,  а против огнената стихија се ангажирани и триесетина војници

Зеколи: На 26 август камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопјe-Блаце

Заменик-министерката за транспорт, оствари средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Република Косово, Димал Баша, на која фокусот беше ставен на стратешките инфраструктурни проекти што ги поврзуваат двете соседни земји

To top