Бизнис

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите може да се најдат на www.biznisarena.mk.

„Бизнис Арена“ е создадена како платформа на која знаењето се поврзува со конкретни деловни можности. На едно место ќе се сретнат претприемачи, сопственици на компании, менаџери, домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите и професионалци што носат одлуки и создаваат нови партнерства.

Во фокусот на конференцијата ќе бидат прашањата што се клучни за иднината на македонскиот бизнис: како локалниот бренд да стане меѓународно релевантен, кога компанијата е подготвена за извоз, што е потребно за успешен настап на нов пазар и како да се изгради бренд што создава долгорочна вредност. Она што ја прави „Бизнис Арена“ поинаква е концептот „Три зони. Една конференција.“ Наместо класичен формат во кој посетителите само слушаат предавања, конференцијата нуди целосно деловно искуство преку три меѓусебно поврзани содржини.

Eкспозеата на говорниците ќе донесaт инспиративни разговори за растот и развојот на брендовите, актуелни теми и динамични дискусии меѓу различни деловни перспективи. Во посебен дел ќе се обработуваат практичните знаења, конкретните алатки и стратегии што учесниците ќе можат веднаш да ги применат во своето работење. Дополнително обезбеден е простор за вмрежување, B2B средби, индивидуални консултации и директно поврзување со потенцијални партнери, клиенти и експерти.

„Бизнис Арена 2026“ ќе обедини бројни домашни и меѓународни говорници од бизнисот, институциите и експертската јавност, кои ќе споделат различни перспективи и искуства за растот, конкурентноста и настапот на нови пазари. Дел од имињата што ќе ги видиме на сцената се Хенрик Исаксон, директор за трговска политика во Confederation of Swedish Enterprise, Ема Гарет, правен советник во SCC Arbitration Institute, Н.Е. Кристин Мелсом, амбасадорка на Норвешка за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Робин Зимбаков, основач и извршен директор на „Солопром“ и сопственик на „Урбан ФМ“ и „Минисо Македонија“, Даница Личанин, основач и извршен директор на „Рептил Маркети“, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и Горан Поповски, претседател на Global Land Vehicles во Dometic.

Учеството на „Бизнис Арена 2026“ е можност компаниите и професионалците да добијат повеќе од инспирација. Тоа е можност да стекнат применливи знаења, да ги преиспитаат своите деловни стратегии, да воспостават контакти со релевантни луѓе и да откријат конкретни патишта за раст и пристап до нови пазари.

Конференцијата е наменета за сите што сакаат да бидат чекор пред промените – од претприемачи што развиваат нов бренд и компании што се подготвуваат за извоз, до искусни деловни лидери што бараат нови партнерства, идеи и можности за проширување. „Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Официјалната веб-страница на конференцијата е активна, а започната е и продажбата на билети. Целосната програма, информациите за говорниците и билетите се достапни на www.biznisarena.mk.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

To top