Македонија

Во Долно Оризари, Брезница, Евла, Светомитрани и Крушево пронајдени марихуана, оружје и муниција – уапсени петмина!

При претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола пронајдени се дрога, оружје и муниција и лишени се од слобода пет лица.

На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д. (20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана.

На 21.08.2026 во 15:35 часот во село Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми.

На 21.08.2026 во 10:35 часот во село Евла, Ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во с.Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка .

На 21.08.2026 во село Светомитрани, Крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево извршија претрес во домот на К.Т.(38) од с.Светомитрани, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол.

На 21.08.2026 во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријава.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top